Почна сезоната на костените: Како добро да ги изберете, совршено да ги подготвите и брзо да ги излупите?

Почна сезоната на костените: Како добро да ги изберете, совршено да ги подготвите и брзо да ги излупите?

Ви откриваме како да изберете добри костени, како совршено да ги испечете во рерна, на скара, но и како да ги сварите… Ќе дознаете и на кој начин можете да ги излупите, а тоа да биде лесно и брзо. Сега е сезоната на костени и уживањето во нив!

1-ja-otvorame-sezonata-na-kosteni-kako-da-izberete-dobri-kosteni-sovrsheno-da-gi-podgotvite-i-brzo-da-gi-izlupite-www.kafepauza.mk_

Првиот чекор во уживањето во слатки костени е нивниот избор. Доколку купите костени со лош квалитет, тешко дека ќе уживате без разлика на кој начин ќе ги подготвите. Квалитетните плодови мора да бидат поголеми, како и да имаат сјајна кора на која нема дупчиња. Исто така, би требало да бидат суви и тешки. Никако не смеат да имаат дупчиња, бидејќи тоа открива непосакувани жители во нив. Најдобро е веднаш да ги подготвите, а доколку ги чувате, тогаш нека бидат на некое ладно место и не подолго од две недели.

Подготовка

Следниот чекор до совршени залаци е да се погрижите дека тие се добро сварени или испечени. Постојат неколку начини за нивна подготовка, како на пример, во рерна, на плочата од шпоретот, на скара, во микробранова, или во тенџере.

На плочата од шпоретот

Доколку се одлучите за печење на плочата од шпоретот, тогаш би било добро да одберете тава со дупчиња, но доколку ја немате, послужете се и со класична. Најпрво засечете ја кората во крст, а откако ќе ги ставите во тавата покријте ги и повремено протресувајте ги. Кората ќе се отвори, а костените ќе добијат боја.

Во рерна

При подготовката во рерна, најпрво засечете ги костените со нож, а потоа прелијте ги со вода и така оставете ги да се печат.

Варење во тенџере

Доколку се одлучите за варење во тенџере тогаш плодовите ставете ги во студена и малку посолена вода. Ситните костени се варат околу половина час, а покрупните до еден час.

3-ja-otvorame-sezonata-na-kosteni-kako-da-izberete-dobri-kosteni-sovrsheno-da-gi-podgotvite-i-brzo-da-gi-izlupite

Печење во микробранова печка

Тоа е многу едноставно. Костените се засечуваат на вообичаениот начин и се ставаат во микробранова печка на максимална температура, до 1 минута. Ќе слушнете звук како да се пржат на масло, и така ќе знаете дека се готови.

Варење во микробанова печка

Овој начин на подготовка е готов за само неколку минути. Костените морате да ги засечете, да ги ставите во сад со вода, да ги покриете со хартиено марамче и да ги ставите во микробрановата на околу 2 минути, во зависност од тоа колку се големи. Ако после 2 минути не се готови, продолжете го готвењето уште 1 минута, па проверете ги повторно.

Печење на скара

Ова е најдобриот начин, бидејќи костените така се највкусни. Расечете ги како да ги подготвувате за печење, па ставете ги врз алуминиумска фолија на која претходно сте направиле дупчиња. Ставете ги врз скарата и печете додека отворите не добијат убава боја.

Лупење

Доколку сакате костените после печењето полесно и побрзо да се излупат, додека се жешки ставете ги во влажна крпа и оставете ги да отстојат неколку минути. Доколку ви се потребни сирови костени за подготовка на некое јадење, а сакате да се ослободите од кората, тогаш најдобар начин за тоа е микробрановата печка. Плодовите се засечуваат како и кај печењето во рерна, се мијат со вода за да добијат дополнителна влага и се ставаат во микробрановата на 1 минута.

Дознајте кои се здравствените придобивки од костените.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар