Нови адети за невообичаена свадба

Ако сте од оние кои сакаат свадбата да им изгледа уникатно и ослободена од традиционалните адети, ви нудиме 8 оригинални решенија.

1. Светулки во воздухот

1-novi-adeti-za-nevoobichaea-svadba-kafepauza.mk

Тие може да претставуваат замена за традиционалното држење свеќи. Палењето на ваквите светилки ќе ја задржи истата симболика како и пламенот на свеќата, само што овој пат ќе може сите поканети да бидат активно вклучени.

Откако вие и вашиот иден сопруг ќе ја пуштите првата светилка да се издигне во воздухот, тогаш и гостите можат да ги пуштат своите светулки кои ќе бидат во различни бои од вашата. Тоа ќе биде симбол на нивната надеж за вашата љубов и меѓусебно разбирање.

Друга идеја поврзана со светулките е секој од гостите да ви напише по една желба која посакува да ви се оствари и да ја пушти на небото задно со светулката. Така ќе добиете јато од пораки кои ќе бидат испратени до небото.

2. Порака во јајце

2-novi-adeti-za-nevoobichaea-svadba-kafepauza.mk

Ова е идеја за сите оние парови кои сакаат меѓусебно да си подарат добро осмислен подарок. Она кое треба да го направат е и двајцата сопружници да земат по едно јајце. Јајцето ќе го прободете од горната и долната страна, за да истече целата течност од него и да остане само лушпата. Преку тесниот отвор ќе внесете едно ливче со ваша порака или желба до партнерот. Лушпата украсете ја онака како што вие сакате и на свадбата разменете си ги јајцата. Пораките кои се во нив прочитајте ги за време на некој ваш значаен момент: Раѓањето на вашето бебе, годишнина од брак итн. А до тогаш јајцето ќе претставува убава декорација и потсетник на вашата љубов.

3. Отпечатоци од прсти

3-novi-adeti-za-nevoobichaea-svadba-kafepauza.mk

Ако сте од оние кои не сакаат да се расфрлаат со пари за скапи прстени и сметате дека подобро истите пари да ги дадете за ексклузивен меден месец, тогаш имаме идеја за вас.

Од надворешната или внатрешната страна на вашиот златен или сребрен прстен отпечатете го отпечатокот од прстот на вашиот партнер.

Симболиката е да имате отпечаток со кој вашиот партнер го закружува вашиот прст во симбол на единство.

4. Катанец и клуч

4-novi-adeti-za-nevoobichaea-svadba-kafepauza.mk

За оваа идеја ви се потребни два катанци и два клуча кои ќе ја симболизираат личноста на сопружниците. Можете да изберете какви било катанци и клучеви, раскошни или обични сеедно.

Има повеќе варијанти на оваа идеја. Едната е доколку има вода во близина на церемонијата заклучените катанци со клучевите да ги фрлате во водата. Но, доколку не сте во близина на вода, тогаш повторно симболично ги заклучувате катанците, но клучевите ги чувате, за потоа да ги отклучите катанците во вашето ново живеалиште.

Уште една варијанта е, по церемонијата да ги поставите катанците на местото каде прв пат сте се сретнале. Идејата е засекогаш да останат заедно заклучени и да ја чуваат безбедноста во бракот.

5. Мапа за патувања

5-novi-adeti-za-nevoobichaea-svadba-kafepauza.mk

Оваа идеја е поврзана со медениот месец и ги вклучува и вашите најблиски. Она што треба да го направите е да земете една голема карта на светот. Дајте им ја на вашите родини и пријатели тие да ви посочат места за меден месец кои сметаат дека вам ќе ви бидат најинтересни и да ги назначат со иглички на картата. За меден месец одберете го местото кое има најмногу забодени иглички. Потоа урамете ја и закачете ја картата на ѕид и отворете „штеден фонд“ за вашите следни патувања. Па, така во текот на вашиот заеднички живот, остварувајте ги сите патувања кои ви ги предложиле блиските.

6. Крофна торта

6-novi-adeti-za-nevoobichaea-svadba-kafepauza.mk

Наместо да давате вртоглави суми за свадбени торти и колачи, поедноставете ја работата со крофни. Поставете ги крофните во сад на катови, прекријте ги со шлаг или со шеќер во прав за да изгледаат поелегантно. За поспецифичен вкус додадете ванила или друг вид арома.

Не само што ова е поевтина варијанта туку е и поедноставна и за децата затоа што се полесни за сервирање и за јадење.

7. Артистички букет

7-novi-adeti-za-nevoobichaea-svadba-kafepauza.mk

Ова е супер идеја за сите оние девојки кои се љубители на читањето и некоја која почесто ќе можете да ја најдете во кафетерија отколку во ноќен клуб. Наместо цветови кои се скапи и кои ќе овенат за една недела направете уникатен букет од омилените книги и извадоци.

Со фаќање на букетот не само што споделувате среќа, туку споделувате и книжевен вкус. Истава идеја може да се направи и со листови со петолиние за музичари или со цртежи за ликовни уметници.

8. Здравица

8-novi-adeti-za-nevoobichaea-svadba-kafepauza.mk

Смислете рецепт за коктел кој подоцна ќе го именувате по невестата и младоженецот. Кога ќе биде главната здравица сите да наздрават за среќа на брачниот пар со тематскиот коктел. Исто така можете да приложите мени каде што имињата на коктелите ќе бидат поврзани со некои ваши носталгични моменти и гостите ќе треба да погодат според името за кој коктел станува збор.

За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

Остави коментар