Направете си маска за лице од портокал и сода бикарбона

Направете си маска за лице од портокал и сода бикарбона

Колку и да уживаме во скапите маски за лице, од време на време не е лошо да си подготвиме нешто и самите. Сода бикарбоната е бомба за ексфолијација на кожата и за отстранување на црнките. Додавајќи малку сок од портокал, ќе ги затегнете порите и природно ќе ја избелите кожата благодарение на витаминот Ц.

Направете си маска за лице од портокал и сода бикарбона

Подготовка:
  • Измешајте една лажица сода бикарбона со една лажица сок од портокал за да добиете густа смеса.
  • Нанесете тенок слој на лицето, вратот и на деколтето. Ќе осетите пецкање, но тоа е зашто маската делува. Оставете ја да стои 20 минути.
  • Намокрете ги врвовите од прстите и тријте со кружни движења за дополнителна ексфолијација.
  • Исплакнете го лицето и уживајте во неговиот свеж сјај.

Напомена: Може да забележите мало црвенило по миењето, но тоа ќе исчезне за кратко. Оние со осетлива кожа може да ја остават маската да делува пократко време.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.