Маски за кожа со аспирин со чија помош ќе се ослободите од брчките и акните на лицето

Маски за кожа со аспирин со чија помош ќе се ослободите од брчките и акните на лицето

Не постои личност која би кажала НЕ на младешкото и мазно лице во секоја животна доба, но оваа идеја за поголем дел од луѓето е недостижна фантазија. Сепак, постои решение кое е достапно за сите, а може да биде и ваше тајно оружје против стареењето на кожата. Станува збор за обичниот аспирин. Покрај широката примена за медицински цели, малку е познато дека аспиринот може да ви помогне и да постигнете убава, блескава и здрава кожа, без акни, брчки и други несовршености. Само треба да го користите на некој од следниве три начини (изберете го оној кој најмногу ви одговара) и ќе се уверите и самите после само три примени!

1-izbrishete-gi-brchkite-i-aknite-od-liceto-so-pomosh-na-ovie-recepti-so-aspirin-kje-ischeznat-site-problemi-od-kozhata-www.kafepauza.mk_

1. Маска за лице со аспирин и лимон

Состојки:
  • 3 аспирина
  • 3 лажици сок од лимон
Подготовка:

Растопете го аспиринот во лимоновиот сок и измешајте така што да добиете паста. Измијте го лицето со чиста вода, нанесете ја пастата и оставете ја да стои 10 минути. После тоа, измијте ја маската со многу вода.

2. Маска со аспирин, јогурт и мед

Состојки:
  • 5 аспирина
  • 1 лажица јогурт
  • 1/2 лажица мед
Подготовка:

Згмечете ги таблетките аспирин и измешајте ги со медот и јогуртот, така што да добиете еднолична смеса. За да делува оваа маска, потребно е најпрво да ставите чиста памучна ткаенина натопена во топла вода на лицето, за да ги отворите порите. Потоа, почекајте да ви се исуши лицето, па дури потоа нанесете ја маската. Оставете ја половина час, па измијте се со топла вода.

3. Пилинг со аспирин

Состојки:
  • 3 аспирина
  • 3 лажици млака вода
Подготовка:

Растворете го аспиринот во млака вода и ќе добиете паста. Нанесете ја на чисто лице, оставете ја да делува 10 минути, па отстранете го пилингот со чиста, ладна вода.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар