Какви прамени најдобро одговараат на вашата коса? Детален водич за совршен избор!

Кога ќе се избере вистинската нијанса за бојадисување прамени, тоа носи големи благодати за вашиот целосен изглед. Косата изгледа поживо и побујно, нејзината боја е освежена и делува многу поинтересно отколку кога е во еден тон.

Но сепак, за да го постигнете тој ефект, НЕОПХОДНО е да ги изберете бојата и нијансата на прамените кои совршено ќе се вклопат на подлогата – природната боја на коса или претходно избраната боја за коса, но и со вашата боја на очи, нијансата и подтонот на кожата на лицето.

kakvi-prameni-najdobro-odgovaraat-na-vashata-kosa-detalen-vodich-za-sovrshen-izbor-kafepauza.mk

Денес ви претставуваме детален водич за ова! Погледнете ги насоките кои се во врска со вашиот изглед (боја на коса, очи и кожа) и дознајте какви прамени најмногу ќе ви одговараат.

1. Темна кожа, темна коса и темни очи. Оваа комбинација е ретка карактеристика за нашите простори, но тоа не значи дека некои од вас не ги одликува баш ваквиот изглед. Доколку спаѓате во оваа категорија, тогаш избирајте чоколадни и нијанси во коњак боја.

1-kakvi-prameni-najdobro-odgovaraat-na-vashata-kosa-detalen-vodich-za-sovrshen-izbor-kafepauza.mk

2. Средно темна боја на кожа со топол подтон, темна или средно темна боја на коса и светли очи. Ако имате ваков изглед наш совет е да изберете прамени во путер, крем или карамела нијанси.

2-kakvi-prameni-najdobro-odgovaraat-na-vashata-kosa-detalen-vodich-za-sovrshen-izbor-kafepauza.mk

3. Средно темна боја на кожа со топол подтон, темна или средно темна боја на коса и темни очи. Ова можеби е најчестиот изглед на нашите простори, па ако припаѓате на оваа група, тогаш избирајте црвенкасто-бакарни прамени или прамени во нијанса на кафе.

3-kakvi-prameni-najdobro-odgovaraat-na-vashata-kosa-detalen-vodich-za-sovrshen-izbor-kafepauza.mk

4. Средно темна боја на кожа и ладен подтон со каква било боја на коса и очи. Ова е одлична комбинација за беж и руси прамени со исто така ладни подтонови.

4-kakvi-prameni-najdobro-odgovaraat-na-vashata-kosa-detalen-vodich-za-sovrshen-izbor-kafepauza.mk

5. Изразито светла боја на кожа со топол подтон, светла коса и темни очи. Овие карактеристики го создаваат изгледот со кој најдобро би одговарале прамени во кајсија и златни нијанси на руса боја. Најважно е прамените да имаат топол подтон, исто како кожата.

5-kakvi-prameni-najdobro-odgovaraat-na-vashata-kosa-detalen-vodich-za-sovrshen-izbor-kafepauza.mk

6. Светла боја на кожа со топол подтон, темна коса и каква било боја на очи. Ова е изглед на кој најдобро одговараат прамени во боја на мед.

6-kakvi-prameni-najdobro-odgovaraat-na-vashata-kosa-detalen-vodich-za-sovrshen-izbor-kafepauza.mk

7. Светла боја на кожа со ладен подтон, светла коса и светли очи. Исто како првата комбинација, не е многу честа на нашите простори. Сепак, ако припаѓате на оваа група избирајте прамени во нијанси на платина и ванила.

7-kakvi-prameni-najdobro-odgovaraat-na-vashata-kosa-detalen-vodich-za-sovrshen-izbor-kafepauza.mk

8. Светла боја на кожа со ладен подтон, темна коса и каква било боја на очи. Ова е комбинација која одлично ќе се сложува со прамени кои во себе имаат суптилен црвенкасто-розов сјај. Плус, овие прамени последниве неколку сезони се вистински хит!

8-kakvi-prameni-najdobro-odgovaraat-na-vashata-kosa-detalen-vodich-za-sovrshen-izbor-kafepauza.mk

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар