Како да изградите самодоверба за помалку од 5 минути?

Во случај да се чувствувате несигурно и вознемирено од ситуацијата или од состојбата во која се наоѓате, не очајувајте и најпрво длабоко вдишете. Потоа, испробајте ги овие научно докажани трикови кои ќе ви го променат начинот на размислување и ќе ви ја вратат вербата во себе.

3 трикови како да изградите самодоверба за помалку од 5 минути

Две минути држете став кој зрачи моќ

Прочуениот психолог Ејми Кади долго време ја истражува темата за говорот на телото и самодовербата. Таа ја објаснува разликата помеѓу луѓето кои две минути пред интервју за работа заземаат позиција која оддава моќ и оние чиј став искажува понизност. Тие кои работат на својот став и држење поминуваат подобро од другите. Според истражувањата, луѓето кои имаат сигурен став, имаат и високо ниво тестостерон и пониско ниво кортизол, кој е одговорен за стресот во телото. Нивната физиологија влијаела на начинот на кој размислуваат и им дозволила да преземат поголем ризик.

Правете ја оваа вежба секое утро пред важните настани, во лифтот или во тоалетот пред огледало. Застанете исправено, подигнете ја главата и рамената, ставете ги рацете на половината, а стапалата поставете ги во ширина на колковите. Чувствувајте се моќно, држете ја таа положба околу две минути и дишете длабоко. Или кренете ги рацете над главата во форма на латинската буква „V“ и замислете дека сте олимписки победник.

Фокусирајте се на големата слика за вашиот живот

Имајте долгорочна перспектива за вас и вашиот живот. Мора да се почитувате доволно за да направите планови за иднината и да можете да дејствувате во согласност со нив. При едно истражување, од испитаниците било побарано да се изјаснат за својата иднина во следните десет години, а потоа на дел од нив им биле покажувани обработени фотографии како тие ќе изгледаат по една деценија. Оние на кои им биле покажани сликите, полесно инвестирале во својата иднина, отколку тие што не ја виделе својата слика. Затоа, доколку сакате да влијаете на иднината, обидете се да ја замислите вашата слика десет години подоцна и што би сакале дотогаш да постигнете.

Научете да бидете благодарни на сегашноста и иднината

Кога доживувате големи падови, тешко е да се исправите и повторно да застанете на нозе. Почнете со благодарноста. Благодарноста е одлична почетна точка за сите кои сакаат да успеат во својот живот. Секоја вечер пред спиење размислувајте за сите неверојатни нешта кои сте ги направиле во животот. Секако, потсетете се и на малите нешта со кои се гордеете, како што се пофалбата од шефот или пријателите. Благодарноста ви овозможува да се фокусирате на позитивните нешта во животот и ништо да не земате здраво за готово. Исто така бидете благодарни за нештата кои ве очекуваат, а сѐ уште не се оствариле и за отворените врати кои ве водат кон повисока цел.

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар