Интересно откритие: Бебињата треба да спијат со нивните мајки додека не наполнат 3 години

Педијатарот Нилс Бергман од Универзитетот во Кејптаун, Јужна Африка, верува дека жените треба да им дозволуваат на нивните бебиња да спијат со нив малку подолго одошто мислите. Наводно, кога детето спие само, потешко му е да се поврзе со мајка му.

Интересно откритие: Бебињата треба да спијат со нивните мајки додека не наполнат 3 години

Бергман смета дека самостојното спиење може да влијае на мозочниот развој кај детето. Ова тврдење е многу контроверзно, бидејќи спиењето заедно со бебето се смета за опасно. Меѓутоа, Бергман тврди дека во случаи кога децата завршуваат трагично додека спијат од необјасниви причини, ретко кога мајката е присутна во тој момент. Тој вели дека бебињата треба да го делат креветот со мајка им додека не наполнат 3 или 4 години.

„Во случаи кога бебињата умираат од необјасниви причини за време на спиењето, тоа не се случува затоа што мајка им е присутна. Тоа се случува од други причини: Отровни гасови, цигари, алкохол, големи перници и опасни играчки“, изјавил докторот.

Бергман исто така основал движење, познато како „Кенгурска мајчинска грижа“ (Kangaroo Mother Care), каде што се потенцира важноста на допирот помеѓу мајката и новороденчето. Ако се прашувате зошто бебињата треба да спијат со мајките, докторот го проучувал спиењето на 16 деца. Само 6 бебиња од испитаната група можеле добро да спијат сами. Истражувањето открило нарушување на циклусот на спиење во мозокот, кој е од големо значење за развојот на органите. Според Бергман, недостатокот од сон на толку рана возраст може да предизвика сериозни бихевиорални проблеми кај детето и ќе се манифестираат понатаму во животот.

„Ова е веројатно првото објавено истражување што дава докази за влијанието што го има разделбата на мозокот кај новороденчињата. Тоа покажува дека бебињата кои спијат во колевки неколку метри оддалечени од мајките се во состојба на постојана анксиозност, што значи дека се изложени на стрес. Овој стрес може да влијае на нивниот најран развој. На мозочниот развој му требаат едночасовни циклуси на спиење. Одвоените бебиња немаат квалитетни циклуси на спиење. Ова истражување докажува дека раната разделба од мајката може да има негативен ефект на добриот развој“, објаснил Бергман.

Бергман отишол дотаму што изјавил дека тоа може да влијае и на способноста на децата да изградат вистински меѓучовечки врски понатаму во животот. Што мислите вие за ова? Дали бебињата треба да спијат со родителите или пак треба да си имаат посебни креветчиња?

Во продолжение прочитајте зошто мајките што споделуваат многу фотографии од своите бебиња најверојатно се депресивни.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар