Имајте сјајна, свежа и здрава коса: Совети кои секоја бринета треба да ги знае

Бринетите доаѓаат во најразлични нијанси, од златно-кафеави, раскошни костенливи, па до оние толку темни што е тешко да се одреди дали е во прашање кафеава или црна коса. И секоја од нив е посебна и совршена на свој начин! Исто така, да се биде бринета е најлесно кога е во прашање негата на косата, но секако дека секоја боја бара посебно внимание и нега која е наменета токму за неа. Затоа, еве неколку совети кои секоја бринета треба да ги знае за нејзината коса да изгледа на најдобриот можен начин.

1-imajte-sjajna-svezha-i-zdrava-kosa-soveti-koi-sekoja-brineta-treba-da-gi-znae-www.kafepauza.mk_

1. Доколку ја бојадисувате вашата коса, изберете нијанса која нема да бара премногу чести посети на фризер

Ова бара повеќе истражување во боите, но трудот со сигурност ќе ви се исплати. Кога ќе ја пронајдете соодветната нијанса која изгледа природно, ќе ги намалите посетите во фризерскиот салон, а вашата коса ќе ја почувствува разликата кога е во прашање нејзиното здравје и самиот изглед.

2. Добро размислете дали сакате бланш

Посоветувајте се со фризерот откако ќе ја донесете оваа важна одлука. Ова треба да се нагласи бидејќи ретко која бринета барем еднаш не посакала да има посветла коса. Па, доколку се одлучите на ваков чекор, очекувајте сигурно оштетување на косата.

3. Користете производи за нега на коса наменети за бринети

Тие обично содржат и малку од тој кафеав пигмент кој ја негува косата, го враќа нејзиниот сјај и ја освежува бојата. Со нив вашата коса никогаш нема да изгледа бледо и безживотно.

2-imajte-sjajna-svezha-i-zdrava-kosa-soveti-koi-sekoja-brineta-treba-da-gi-znae-www.kafepauza.mk_

4. Испробајте „направи сам“ маски за коса на база од кафе

Всушност, само нанесете мелено кафе или веќе сварено кафе кое е оладено на мокра коса. После половина час измијте ја косата. Бојата ќе биде освежена и природна.

5. Заштитете ја косата од сонцето

Користете специјални креми за коса со заштитен фактор, бидејќи не се само русокосите оние на кои им е потребна заштита од сонцето. И бринетите може да станат малку портокалови откако бојата ќе им се измие.

6. Чувајте ја и од топлина

Доколку не можете да замислите да ја сушите косата по природен пат, но и да ја виткате со помош на плетенки, тогаш задолжително користете спреј за заштита од топлина. Сепак, обидете се да ја намалите топлината и одвреме-навреме да ја почестите вашата коса со хранлива маска.

Дали знаевте дека има доста предности да се биде бринета? Токму затоа, момци ова се причините зошто треба да излегувате со бринета.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар