Џентлменски особини на мажите кои ја воодушевуваат нивната поубава половина

Вистински џентлмен е многу тешко да се сретне. Во свет во кој многу основни вредности се изгубени и заборавени тоа и не треба да нè чуди. Изневерувања, врски за една вечер и многу други непромислени работи се причината поради која сѐ поретко се чувствуваме слободни да бидеме тие што сме, па секогаш сме подготвени на најлошото. Поголемиот дел од мажите веќе не се ни обидуваат, а жените не ни очекуваат. Но понекогаш, иако ретко, налетуваме на маж кој се води според старите добри норми на џентлменско однесување и тогаш сфаќаме дека сепак има надеж. Земајќи предвид дека малите нешта и романтични гестови се тие кои нè освојуваат од прва, следниве 9 работи докажуваат дека џентлменството сепак не е изумрено.

(1)-dzentlmenski-osobini-na-mazhite-koi-ja-voodushevuvaat-nivnata-poubava-polovina-kafepauza.mk.jpg

Отворање на вратата од автомобилот

Еден од најџентлменските гестови кој неспорно освојува многу поени кај женскиот пол. На девојката ѝ покажува дека машкото се грижи, а таа ќе го цени многу повеќе од претходно. Па нели е како сцена од некој од нејзините омилени љубовни филмови?

(2)-dzentlmenski-osobini-na-mazhite-koi-ja-voodushevuvaat-nivnata-poubava-polovina-kafepauza.mk.jpg

Чување на последниот залак од храната за неа

Една стара поговорка вели дека патот до срцето на мажот е преку неговиот стомак, па кога мажот го чува последниот залак за жената, тогаш таа сигурно многу му значи. Мал гест кој освојува голем дел од срцето на жената.

Гледање женски филм со саканата

Мажите ги мразат холивудските љубовни филмови. Сите им се исти и сите вклучуваат многу плачење кое тие не можат никако да го разберат. Па ако тој сепак одвојува два часа од своето време за да гледа филм кој сигурно не му се допаѓа, екстра поените кај девојката му се и те како заслужени.

(3)-dzentlmenski-osobini-na-mazhite-koi-ja-voodushevuvaat-nivnata-poubava-polovina-kafepauza.mk.jpg

Поминување време со семејството на девојката

Машките претежно немаат многу желба да се дружат со семејството на девојката, можеби поради некој непишан страв од нејзиниот татко и неговиот заштитнички став кон неа. Кога машкото го прави ова значи дека премногу ја сака девојката, па поминувањето време со луѓето кои најмногу ѝ значат е мала цена да се плати за нејзината среќа.

Подарување цвеќе

Неверојатно романтичен и убав гест на кој секоја девојка паѓа, колку и да кажува дека таа не е од тој тип на женски. Букет од нејзините омилени цвеќиња и едно кратко Те сакам или Мислам на тебе никогаш нема да изневери, особено ако е тотално „рандом“ и неочекувано.

(4)-dzentlmenski-osobini-na-mazhite-koi-ja-voodushevuvaat-nivnata-poubava-polovina-kafepauza.mk.jpg

Точење гориво во автомобилот

Се грижи автомобилот да не ѝ застане некаде, па го полни резервоарот до максимум. Овој гест е толку редок и со сигурност изненадувачки, што сигурно ќе ја остави без зборови и ќе ѝ даде до знаење колку многу е сакана.

Бакнување во чело

Иако интерпретиран како братско-пријателски знак, доколку станува збор за долга врска, сепак е премногу мил гест поради кој жената се чувствува обожавана и неверојатно сигурно покрај својот маж.

Portrait of young man kissing his pretty young  woman on forehead - outdoor

Помош при облекување на палтото

Стар, добар и класичен џентлменски потег кој секој пат освојува. Дали станува збор за придржување на нејзиното палто за да ѝ биде полесно да го облече или понудување на неговото за да не ѝ биде нејзе ладно, ова се гестови кои се секогаш добредојдени.

Одење на надворешната страна од тротоарот

Надвор врне и улиците се поплавени со вода, а автомобилот кој брза некаде поминува покрај парот, но наместо девојката, целосно го наводенува машкото бидејќи тој токму од таа причина оди по надворешната страна од тротоарот, а не таа. Заштитнички и грижлив гест како овој вреди многу нели?

(6)-dzentlmenski-osobini-na-mazhite-koi-ja-voodushevuvaat-nivnata-poubava-polovina-kafepauza.mk.jpg

Машките на посебен и различен начин покажуваат дека се грижат. Тоа што за девојката е романтичен, може да е сосема несфатлив гест за машкото. Но џентлменските потези никогаш не подвалуваат, па кога ќе налетате на маж кој ги негува старите добри манири, тој е од оние кои вредат.

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

  1. ehh Reply

    bi dodala uste nesto
    – baknuvanje vo raka 😀

  2. МиТкО Reply

    Има сеуште такви машки, но сигурно нема да ги најдете во некоја смрдлива дискотека или да се’ лигават со алкохол во прегласно кафуле каде обично ги барате! За воља на вистината, денешните девојки повеќе ги ценат материјалните добра кој можат да ги извлечат од нас, обожаваат возење со скапи коли, целодневен шопинг на штиклички и останати преценети украси со пријателките, дефинитивно нема да одбиете провод во некоја Светска метропола од било кое машко додека тој ги плаќа сметките, имате зачудувачки голем интерес за пушење на цигари, пиење алкохол,кафиња…

  3. Игор Reply

    Прекрасен текст браво 👏 за авторот.Многу малку или скоро нема девојки што ги ценат џентламенските манири туку колку имаш,секогаш

Остави коментар