8 научно докажани трикови што ќе ја зацврстат вашата љубовна врска

Сигурно знаете дека мора да бидете трпеливи и добри кон партнерот. Исто така, знаете дека мора да вложите труд во врската, ако сакате вашиот партнер да биде среќен и задоволен. Но, можеби не сте сигурни како да го сторите тоа. Прочитајте ги следниве трикови кои се научно докажани и со сигурност ќе ви помогнат да ја зацврстите вашата љубовна врска…

8 научно докажани трикови што ќе ја зацврстат вашата љубовна врска

1. Бидете 5 пати пољубезни

За потребите на едно истражување од 1970-тите години, доктор Џон Готман и неговите соработници побарале од неколку парови да ги решат проблемите во врската за 15 минути. Откако ги проучиле снимките и стапиле во контакт со паровите 9 години подоцна, можеле да предвидат кои партнери ќе останат заедно, а кои ќе се разведат со точност од 90%. Како е ова можно? Истражувачите откриваат дека разликата помеѓу среќните и несреќните врски се должи на соодносот помеѓу позитивните и негативните интеракции, којшто изнесува 5:1.

„Кога среќните партнери разговараат за нешто сериозно, тие можеби се караат, но истовремено се смеат, задеваат и си покажуваат знаци на љубов, бидејќи помеѓу нив постои емоционална поврзаност“, открил доктор Готман.

Тоа значи дека на секоја негативна интеракција за време на конфликтот, помеѓу партнерите кои се во среќен брак се случуваат 5 или повеќе позитивни интеракции.

2. Споделувајте ги домашните обврски

Овој податок сигурно не ве изненадува, но доколку некогаш сте се сомневале, треба да знаете дека постои научно истражување на оваа тема. Според некои проучувања, успехот на брачниот живот најмногу зависи од 3 работи: Верност, добар секс и делење на домашните обврски. Нареден пат кога вашиот партнер ќе се пожали поради тоа што го терате да го фрли ѓубрето, само спомнете му го овој податок.

3. Не бидете толку активни на социјалните мрежи

Јасно ни е дека сте вљубени и дека сакате да им го покажете тоа на сите ваши пријатели на Фејсбук. Но, според истражувачите од колеџот Хаверфорд, колку понесигурни се чувствуваат партнерите во врската толку повеќе работи ќе објавуваат на социјалните мрежи со цел да добијат некакво одобрување. Секако дека смеете да објавите неодолива фотографија од вашиот заеднички одмор, но ако вие или вашиот партнер претерувате со споделување информации за вашата врска на Интернет, можеби треба да обрнете внимание на она што се случува помеѓу вас двајца.

4. Оставете го телефонот!

Сигурно знаете дека не е во ред цело време да го чепкате телефонот и да го игнорирате партнерот, но што мислите за карањето преку пораки? Едно истражување открило дека паровите кои се извинуваат или се обидуваат да ги решат проблемите преку порака, се всушност многу несреќни во врската. Наместо тоа, разговарајте очи во очи за посериозните работи. Во секој случај, смеете да му пратите кратко „Извини“ на вашиот партнер преку порака за ситните грешки што сте ги направиле.

8 научно докажани трикови што ќе ја зацврстат вашата љубовна врска

5. Искажувајте ја вашата благодарност

На почетокот од врската, сигурно сте се разнежувале секогаш кога вашиот партнер ви го правел утринското кафе, но сега речиси и не го забележувате кога ќе се појави пред вас на маса. Сите сакаат да бидат ценети, но во подолгите врски, партнерите понекогаш почнуваат да се земаат здраво за готово. Според некои истражувања, благодарноста е клучот за здрав и успешен брак. Имено, истражувачите дознале дека редовно изговарање на едноставниот збор „Благодарам“ може да го намали ризикот од развод.

6. Имајте секс еднаш неделно

Истражувачите од Универзитетот Ворвик во Англија, процениле дека зголемувањето на сексуалната активност од еднаш месечно на еднаш неделно може да предизвика исто толку среќа колку и заработувањето дополнителни 50.000 долари годишно.

7. Радувајте се за успехот на партнерот

Едно истражување објавено во Списаниетo за личност и социјална психологија (The Journal of Personality and Social Psychology) открило дека начинот на кој партнерите реагираат на добрите вести што им се случуваат, дали со возбуда, гордост или рамнодушност, е од големо значење за успехот на врската. Добрите вести не мора да бидат поврзани со некои големи работи, како што е унапредување на работа. Дали вашиот партнер ослабел неколку килограми? Поддржете го и радувајте се со него!

8. Пробувајте нови работи

Некои истражувања докажале дека партнерите кои редовно пробуваат нови работи заедно, имаат посреќни врски. Тоа е така затоа што новите искуства го активираат мозочниот систем за награда и го преплавуваат со хемикалии што предизвикуваат среќа како што се допаминот и норепенифренот. Наместо да поминете вечер во вашиот омилен ресторан, зошто да не одите на концерт или некаде каде што ќе можете да танцувате? Внесувајте промени во врската за ја одржите стабилноста на бракот.

Доколку сакате да го подобрите односот со партнерот, прочитајте ги следниве непишани правила за среќен и успешен брак.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар