7 тајни за убавина и женственост од Французинките

Французинките се можеби едни од најубавите и најелегантните жени. Тие изгледаат совршено во секој дел од денот, и тоа без многу напор. Погледнете некои од нивните тајни кои ќе ви помогнат да ја постигнете нивната женственост.

1. Немојте да бидете совршени

(1)7-tajni-za-ubavina-i-zhenstvenost-od-francuzinkite-kafepauza.mk

Жената која не е совршена од глава до пети изгледа како да има некоја длабочина, како да има нешто важно во неа. Денес премногу се фокусираме на совршеноста – совршена коса, совршена насмевка, совршена коса… но, во Франција се ценат малите недостатоци. Можеби вашата коса не е совршено исправена, или пак имате брчки и пеги. Овие работи ве прават поубави и уникатни.

2. Неутрална дневна шминка

(2)7-tajni-za-ubavina-i-zhenstvenost-od-francuzinkite-kafepauza.mk

Приоритет треба да ви биде да изгледате свежо, а тоа ќе го постигнете со многу малку шминка. Поради ова жените во Франција стареат грациозно без многу напор. Треба да ви биде удобно во вашата кожа. Во ред е да ги покриете црните кругови околу очите, или пак малото мозолче, но секогаш користете што помалку шминка.

3. Навечер истакнете ги усните

(3)7-tajni-za-ubavina-i-zhenstvenost-od-francuzinkite-kafepauza.mk

Важно е да нагласите само еден дел од вашето лице, како на пример неодоливите црвени усни. Кога излегувате доволно е да носите мала чанта, а во неа е доволно да го ставите само вашиот кармин. Помалку е повеќе, и никогаш не треба да претерувате со модните додатоци.

4. Носете накит кој ви значи

(4)7-tajni-za-ubavina-i-zhenstvenost-od-francuzinkite-kafepauza.mk

Секогаш носете накит кој е едноставен, убав и кој ви е од некакво значење. Ланче од вашето момче, прстен од вашата пријателка, или што било што зборува за некој дел од вашиот живот.

5. Бела кошула

(5)7-tajni-za-ubavina-i-zhenstvenost-od-francuzinkite-kafepauza.mk

Белата кошула можете да ја комбинирате со сè. Откопчајте го долниот дел, засукајте ги ракавите и „неуредно“ ставете ја кошулата во панталоните. Ете ви совршен дневен изглед.

6. „Несредена“ коса

(6)7-tajni-za-ubavina-i-zhenstvenost-od-francuzinkite-kafepauza.mk

Французинките изгледаат како никогаш да не направиле фризура. Овој „неуреден“ изглед си има своја убавина. Ќе изгледате многу посекси ако вашата фризура изгледа како сега да сте станале од кревет или пак, како да сте се возеле со мотор. Па, кога следен пат ќе се мислите дали да ја поправате фризурата во текот на денот, оставете ја така.

7. Чаша вино

(7)7-tajni-za-ubavina-i-zhenstvenost-od-francuzinkite-kafepauza.mk

Секоја социјална интеракција вклучува чаша вино. Повеќето Французи уживаат во чаша вино за време на ручек, после работа или за време на некој состанок, тоа е во нивната култура. Французите се горди на нивното вино, а трикот е да не испиете повеќе од една чаша.

Погледнете ги и овие лекции за убав живот од Французинките.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар