7 есенски трендови кои можете да ги испробате на себе уште денес

Иако понекогаш високите температури ни пречат, немаме доволно воздух и движењето знае да биде ограничено, сепак никој од нас не сака да мисли на есента. Еве начин како да се спасите од жештината – потсетете се на есенските дождови и темните облаци и високите температури веднаш ќе ви изгледаат поубаво. Но, и есента што доаѓа е убава, барем кога се во прашање модните трендови. Добрата вест е тоа што можете да ги испробате уште денес, дури и на температурите кои се во „дебел“ плус и во сенка.

1-7-esenski-trendovi-koi-mozhete-da-gi-ponesete-ushte-denes-www.kafepauza.mk_

1. Како и во претходните сезони, без разлика на тоа кое годишно време е во прашање, ние сепак остануваме верни на стилот од осумдесеттите како еден од најдобрите стилови во претходните неколку децении. Едноставноста во комбинациите со занимливи дезени и аксесоари даваат одличен избор, па тоа никако не сакаме да го промениме ниту во текот на есента која ни доаѓа.

2-7-esenski-trendovi-koi-mozhete-da-gi-ponesete-ushte-denes-www.kafepauza.mk_

2. Ако размислувате за тоа која боја ќе биде популарна во наредните месеци, одговорот е веќе тука – силната црвена е вистински избор кој можете да го направите за некоја од вашите модни комбинации. Но, немојте да ја чекате есента, туку носете ја уште сега, бидејќи летото е секогаш за „силни“ бои.

3-7-esenski-trendovi-koi-mozhete-da-gi-ponesete-ushte-denes-www.kafepauza.mk_

3. Кадифето пред неколку сезони се врати на модните писти како еден од омилените материјали кога се во прашање парчињата облека, како и обувките и аксесоарите. Во текот на есента најголемата доверба му ја поклонуваме токму на кадифето и тоа за совршените високи потпетици, како и за најголемото богатство на секоја жена – чантите.

4-7-esenski-trendovi-koi-mozhete-da-gi-ponesete-ushte-denes-www.kafepauza.mk_

Преминете на следната страница за останатите трендови…

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар