6 совршени комбинации на бои што ќе го подобрат вашиот есенски стил

Секое годишно време со себе носи и типични бои кои ја одбележуваат таа сезона. Па така и есента, како што е веќе познато, со себе носи топли, потемни нијанси кои нашиот стил го прват некако поотмен и посериозен. Секако, во позитивна смисла. Есенските комбинации токму поради боите честопати делуваат поелегантни и поженствени, па затоа воопшто не треба да тагувате што сега за сега ја оставате вашата летна гардероба. Како утеха ви предложуваме со радост да ги „прегрнете“ новите модни трендови кои ни доаѓаат со новата сезона. А доколку сакате оваа есен да го подигнете вашиот стил на едно сосема ново ниво, тогаш испробајте ги овие комбинации на бои.

1-6-perfektni-kombinacii-od-boi-koi-kje-go-podignat-na-povisoko-nivo-vashiot-esenski-stajling-www.kafepauza.mk_

1. Црната боја одлично се сложува со темно зелената, а овие две бои ќе можете да ги освежите и со некои посветли, пастелни нијанси како што се бежот или валкано розовата. Дури и темно виолетовата може да изгледа одлично во овој есенски микс.

2-6-perfektni-kombinacii-od-boi-koi-kje-go-podignat-na-povisoko-nivo-vashiot-esenski-stajling-www.kafepauza.mk_

2. Доколку не сакате да се откажете од светлите, „весели“ бои, темно виолетовата и камел бојата, кои се сосема типични есенски бои, комбинирајте ги со светло розова и сина боја. Совршена комбинација за тренди, младешки изглед.

3-6-perfektni-kombinacii-od-boi-koi-kje-go-podignat-na-povisoko-nivo-vashiot-esenski-stajling-www.kafepauza.mk_

3. Освен тоа, светло сината боја може да ја комбинирате и со темно сината, со тегет, со тиркизна, па дури и со сива или беж боја. Оваа комбинација на бои со сигурност ќе ви значи и во текот на „зимското“ смислување на модни комбинации.

4-6-perfektni-kombinacii-od-boi-koi-kje-go-podignat-na-povisoko-nivo-vashiot-esenski-stajling-www.kafepauza.mk_

4. За романтични, женствени комбинации, темната или светлата нијанса на сина боја облечете ја со беж или камел нијанса, заедно со додаток на светли бои како што се розовата, бојата на праска или сивата.

5-6-perfektni-kombinacii-od-boi-koi-kje-go-podignat-na-povisoko-nivo-vashiot-esenski-stajling-www.kafepauza.mk_

5. Класичното никогаш нема да излезе од мода, ниту пак проверените комбинации на црна и темните нијанси на црвената, како бордо. Ова е совршен спој за свечени прилики, а во секојдневните изданија освежете ги со беж или шампањ боја.

6-6-perfektni-kombinacii-od-boi-koi-kje-go-podignat-na-povisoko-nivo-vashiot-esenski-stajling-www.kafepauza.mk_

6. Црната и белата се секогаш одличен спој, без разлика на тоа дали оваа комбинација ја носите за свечени или пак, лежерни прилики. Сепак, понекогаш е потребно малку да го „размрдате“ вашиот стил, односно додајте малу жолта боја, како и сите нијанси на беж и камел боја.

7-6-perfektni-kombinacii-od-boi-koi-kje-go-podignat-na-povisoko-nivo-vashiot-esenski-stajling-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар