5 корисни совети за безбедно онлајн купување

Трендот за онлајн купување, кој на своите потрошувачите ширум светот им носи ново искуство, е во постојан пораст. Трговците понудуваат производи кои се достапни по пат на Интернет, обезбедуваат специјални попусти и понуди преку своите дигитални платформи и социјални мрежи, а многумина од нив нудат и можност за бесплатна испорака. Пред да ги споделиме 5-те практични совети кои ги добивме од професионалците за онлајн купување, важно е да ве потсетиме на најважната точка на оваа тема, а тоа е безбедноста и сигурноста.

1-pet-korisni-soveti-koi-treba-da-gi-znaete-za-bezbedno-internet-kupuvanje-www.kafepauza.mk_

Кликнете „купи“ со доверба

Купувањето преку Интернет секогаш започнува со проверка на местата на кои се наоѓате. За да проверите дека се наоѓате на сигурен веб-сајт, обрнете внимание дали URL адресата започнува со https://, а не со http://. Буквата „s“ е доста важна, бидејќи потврдува дека веб-сајтот има сигурна врска. Повеќето пребарувачи ќе ви покажат и икона за заклучување во долниот десен агол на прозорецот кој е уште една потврда дека се наоѓате на сигурно место.

1. Користете ги прозорите за допишување

Следниот пат, додека сурфате по онлајн продавниците, кога ќе ви „излезе“ прозор за допишување, немојте автоматски да го затворите. Низ него можете да остварите директен контакт со луѓето од компанијата и да дознаете повеќе детали за производот што ве интересира, како што се на пример некои дополнителни карактеристики, услови за доставување и слично. Честопати се случува на овој начин да дојдете до промотивни купони кој администраторот ќе ги сподели со вас и ќе ви отвори пристап кон понудите кои поинаку не би ги добиле. Ако прозорите за допишување се недостапни, можете да пратите имејл или да го контактирате сервисот за корисници.

„Некои од најчестите бариери зошто луѓето не купуваат преку Интернет се: Преголемиот број податоци на сајтовите и прашањето дали артиклот ќе одговара на описот кој ќе го прочитаме, особено ако сакаме да нарачаме некоја HI&IT технологија? Затоа јас избирам сајтови кои имаат прозорец за допишување. Тоа ми овозможува можност да прашам што ќе посакам, да побарам слика од производот во живо, дополнителни спецификации и слично. Кога ќе ги соберам сите потребни информации, тогаш можам слободно да ја извршам својата нарачка“, вели Милан Вучичевиќ

2. Пријавете се на информативниот билтен за да не ги пропуштите најдобрите понуди

Трговците честопати им нудат ексклузивни понуди на корисниците кои се пријавени на нивната имејл листа, по која можете да добиете известување за најдобрите и најновите понуди. Доколку постојат сајтови на кои сакате да купувате, тогаш пријавете се на нивната имејл листа за да се најдете помеѓу првите кои ќе добијат известување за попустите и специјалните понуди. Исто така, трговците честопати праќаат и попусти за родендените или бонус понуди ако ги повикате пријателите.

„Онлајн купувањето стана едно од моите омилени начини за купување, особено кога станува збор за техничките уреди. Секогаш се пријавувам на информативниот билтен или на имејл листата на веб-сајтовите од каде што купувам, за да добивам известување за најновите понуди и посебните погодности. И секако, онлајн купувањето го заштедува моето време, а честопати и парите“, изјави Иван Дебатиќ, уредник

2-pet-korisni-soveti-koi-treba-da-gi-znaete-za-bezbedno-internet-kupuvanje-www.kafepauza.mk_

3. Секогаш споредувајте ги цените

Ако видите цена која делува доста привлечно не фрлајте се веднаш во купување, туку направете дополнително истражување за да ги споредите понудите со другите онлајн продавници. Кога купувате онлајн можете да го „ставите“ производот што ви се допаѓа во кошничката за да не го загубите, а потоа на Гугл побарајте го и името на произведувачот, видот и ознаката. Немојте да заборавите дека една од предностите на онлајн купувањето е брзото и лесно пребарување од големата достапност на производи.

„Кога купувам онлајн најчесто тоа е облека и шминка. Како што сите знаеме, попустите се најдобрите женски пријатели, а пронаоѓањето најдобри понуди и цени е доста полесно преку Интернет, бидејќи е неспоредливо со времето што е потребно за обиколување на традиционалните продавници. Во нив главно го купувам она на кое прво ќе наидам, бидејќи немам доволно време да се шетам од една во друга продавница“, вели Ивана Чуљак, дизајнерка и новинарка

4. Следете ја вашата нарачка

Вашата нарачка бара време за обработка на податоците и испораката која најчесто зависи од земјата во која е трговецот, како и начинот на испорака што сте го избрале. Како што сервисите секојдневно се унапредуваат, вие денес можете да ја испратите вашата нарачка и да го дознаете очекуваното време за испорака. Ова е одлична опција, бидејќи можете да ги организирате вашите обврски однапред и да бидете дома кога вашата нарачка ќе пристигне. Со системот за следење ќе дознаете и дали нешто не е во ред или дали ќе дојде до неочекувани доцнења.

„Додека живеев во Лондон, имав неколку свои омилени продавници и брендови кои редовно ги посетував. Откако заедно со моето семејство се преселив во Србија, често од Интернет ги купувам токму тие производи до кои денес не би можела да допрам ако не постои онлајн купување. Пред неколку години, постојано се плашев дали нарачката ќе пристигне на мојата адреса, но во денешно време логистиката толку многу напредува што јас повеќе не се плашам дали нешто може да тргне на лошо со порачаното, затоа што во секој момент знам каде се наоѓа“, изјави Светлана Проданиќ, модна блогерка

5. Избирајте трговци кои нудат бесплатна испорака во двата правци и купувајте повеќе

Можете да купите исто парче/производ во повеќе броеви за да бидете сигурни дека сте го избрале вистинското за вас. Работите што не сакате да ги задржите ќе може да ги вратите. Само бидете сигурни дека внимателно сте ги прочитале упатствата за враќање на производот пред да го извршите купувањето.

„Кога не сум сигурна дали ќе ми одговара големината на некој фустан, фармерки или чевли, тогаш нарачувам од онлајн продавница што нуди бесплатна испорака во двата правци, за да можам да ја вратам гардеробата која не ми одговара и да ја задржам вистинската. Совршено, зарем не?“, изјави Јована Бован, блогерка за животен стил.

3-pet-korisni-soveti-koi-treba-da-gi-znaete-za-bezbedno-internet-kupuvanje-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар