13 работи кои само оние што се во долга врска ги разбираат

Знаеме дека сте среќни и исполнети во вашите романтични врски, но признајте, има некои работи кои навистина ви одат по нерви. Сепак, знаете дека и многу други парови кои долго време се заедно се соочуваат со истото, па така товарот ви станува полесен. Ова се 13 нешта кои само оние што се во долги и сериозни врски можат да ги разберат.

13 работи кои само оние што се во долга врска ги разбираат

1. Вашето и семејството на партнерот/ката се чувствуваат многу удобно во ваше друштво

Во ред, тоа е нешто што секој човек кој е во врска го посакува. Но, одеднаш станувате свесни дека знаете многу детали за семејството на вашиот партнер, дека тие може слободно да дебатираат пред вас, да зборуваат за финансии и да договараат за важни настани. Тоа е супер, но некогаш ви станува непријатно бидејќи едноставно знаете многу. А, да не зборуваме за тоа колку вашите родители, браќа и сестри се слободни пред вашиот партнер. Тие ви помагаат да сфатите дека вашето семејство можеби е лудо, но и да го сакате вашиот партнер што и покрај сè останал со вас.

2. Воопшто не се двоумите пред да облечете нешто удобно со него/неа

Зборуваме за петок навечер во стари тренерки на кои ќе ви капне сосот од шпагетите. Некогаш ве загрижува што целата ситуација е толку филмска а толку реална. Чекај, дали на тренерките на партнерот/ката има мала дупка? Дефинитивно сте многу слободни еден со друг.

3. Секогаш ве прашуваат каде ви е партнерот/ката

Не дај Боже да се појавите сами без друштво на вашата друга половина. Уште пред да ви речат „здраво“ ќе прашаат за него/неа.

4. Некогаш не сте сигурни дали треба да го/ја поведете со себе партнерот/ката

Ок, овие ситуации може да бидат збунувачки. Зошто луѓето едноставно не појаснуваат дали треба да дојдете сами или со него/неа? Така минувате часови размислувајќи дали би било соодветно да го понесете со себе вашиот дечко на куќна слава.

5. Знаете да бидете чудни бидејќи само вие се разбирате

Имате некои термини и шеги кои само вие меѓусебно ги разбирате што прави луѓето кои се во ваше друштво да ве гледаат со прашален поглед.

6. Без да сфатите сте ја присвоиле неговата/нејзината чудна навика

Знаете, онаа за која многупати сте му/ѝ пререкле. Честитки, сега и вие го правите тоа!

7. Вашите пријатели може да мислат дека ги запоставувате

Не секогаш, но понекогаш. Ве револтира тоа што навистина сакате да дадете сè од себе за да не добијат таков впечаток, но неизбежно е. Така, ќе дојде моментот кога ќе станете папучар или онаа која ги заборавила другарките. Затоа уште повеќе се трудите да воспоставите баланс.

13 работи кои само оние што се во долга врска ги разбираат

8. Секогаш е тешко кога сте разделени

Ако вашиот партнер е на службено патување, вие им се враќате на вашите стари навики, а може дури и несвесно да излезете на „сингл“ вечер со другарките. Но, по некој ден, со враќањето на партнерот и вие се враќате во нормала.

9. Станувате секс психијатар

Дури и ве загрижува тоа што може да го претскажете и погодите расположението на вашиот партнер. Не сте изненадени кога ќе ви рече дека сте му ги прочитале мислите.

10. Навистина се трудите да ја зачувате својата приватност

Не доаѓа предвид да одите во тоалет со отворена врата, но гледате дека поставените бариери полека се рушат. Затоа од петни сили пробувате да одржите некое ниво на интимност.

11. Имате навика да испланирате некој настан до лудило

Ве боли кога ќе чуете како на оние што се во долга врска им е монотоно. Вие знаете дека не важи тоа за вас, но сепак има да испланирате едно такво изненадување и вечер која и двајцата никогаш нема да ја заборавите.

12. Знаете сè за нивните колеги/пријатели

Дури може да „истресете“ нешто што ви е кажано во доверба на некоја средба со нив.

13. Вечерта просто не може да ви заврши лошо

Бидејќи што и да се случи сепак се имате еден со друг и завршувате на кауч по тренерки гледајќи филм. Што и да направите и што и да испланирате е доволно добар план за двајцата.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар