12 златни правила за пријатен разговор

Без разлика дали сте на состанок со некој од спротивниот пол, на средба со колега од работа или пак едноставно сте излезени да се дружите со некој од вашите пријатели, добриот и пријатен разговор е клучот за започнување или зацврстување на односот кој го имате со таа личност, а е и предуслов за добар помин. За да бидете добар соговорник и за луѓето околу вас повеќе да ве ценат, секогаш на ум имајте ги следниве 12 златни правила за пријатен разговор.
12 златни правила за пријатен разговор1. Избегнувајте непотребни детали. Не излегувајте од колосек на разговорот. Обидете се да не скокате од тема на тема, само затоа што ви текнало нешто друго од минатото кое не сте го кажале.

2. Не прашувајте ново прашање пред да ви биде одговорено првото. Сè додека од соговорникот не добиете соодветен одговор на прашањето, не избрзувајте да прашате ново, за кое можеби би добиле одговор доколку би биле малку потрпеливи сослушувајќи го соговорникот до крај.12 златни правила за пријатен разговор3. Не прекинувајте никого дур зборува. Исто така, обидувајте се секогаш да раскажувате кратки приказни, за да му дадете шанса и на соговорникот да зборува и да не ве прекине.

4. Не бидете контрадикторни, особено за нешто неважно. Избегнувајте да додавате непотребни детали во вашата приказна, но и во приказната на лицето од другата страна. Луѓето кои се контрадикторни, обично знаат после некое време истото нешто да го кажат на сосема нов начин оставајќи го слушателот збунет. Никој не го сака ова.

5. Никогаш не зборувајте само вие. Прашувајте прашања за да ги најдете работите за кои имате заеднички интереси и теми на разговор.
12 златни правила за пријатен разговор6. Немојте секогаш да бидете главниот херој во вашата приказна, иако приказната треба да има херој. Обидете се да ги истакнете и пофалите и останатите исто толку добро како да сте вие во прашање.

7. Секогаш одбирајте тема од заеднички интерес. Извлечете ги интересите на соговорникот и гледајте да не го свртите муабетот на политика, доколку соговорникот сака да зборува за поезија и уметност. Избегнувајте да зборувате на теми кои ви лежат само вам и притоа несвесно да нарушите некое од останатите правила од оваа листа.

8. Бидете добар слушател. Следејќи ги правилата на оваа листа сослушувањето ќе ви стане природна работа.
12 златни правила за пријатен разговор9. Разговорот треба да е во хармонија со околината. Секогаш внимателно анализирајте што се случува околу вас. Понекогаш и тишината не треба да се потценува.

10. Не претерувајте. Понекогаш не е сè „најдобро“, „најсмешно“ или „најлошо“ како што вам ви изгледа.

11. Немојте погрешно да цитирате. Кога цитирате некого, треба да ја пренесете точната информација и чувството со која е кажана. Погрешното пренесување може да предизвика лажно обвинување на личноста.12 златни правила за пријатен разговор12. Имајте мерка. Не ширете невистини и не чувствувајте потреба да повредите некого. Внимавајте што кажувате, бидејќи не сите нешта идат во прилог на добриот тек на разговорот. Запомнете дека тишината е секогаш опција. Кажете го вистинското нешто или молчете.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Еден Маж Reply

    И ако секој ги следи сите правила одеднаш нема да зуцне ни збор („секогаш внимателно анализирајте ја околината“)… Абе ајде. 😀

Остави коментар