11 проблеми што настануваат во љубовните врски со добри момци

11 проблеми што настануваат во љубовните врски со добри момци

Кога станува збор за задоволство со момците и врските, многу жени наидуваат на непланирани проблеми. Сè додека не го најдете совршениот за вас, вие се сочувате со момци што не сакаат да се обврзат, идиоти што си играат со вашето срце и оние што ве бараат само кога ним им е потребно човечко суштество во близина. Поради некоја чудна биолошка карактеристика, жените најчесто се привлечени од лошите момци – знаете, оние што се неодоливи и доволно шармантни да ве освојуваат одново секој ден. Но, тие брзо губат интерес и ретко кога се препуштаат на своите емоции, па затоа и ве оставаат со скршено срце.

(3) 11 проблеми што настануваат во љубовните врски со добри момци

Од друга страна пак, понекогаш се случува да ве привлече и добро момче – она што ве носи на вистински љубовни состаноци и знае како да ве ислуша, додека истовремено навистина се грижи за тоа што го говорите. Ова изгледа како вистинско освежување во споредба со досегашни лошковци, но дали врската со него е тоа што навистина ви треба? Во продолжение следуваат најчестите 11 проблеми што се појавуваат кога крај себе имате добро момче. Ако тие не ви пречат, тогаш сте совршени еден за друг, но ако не можете да ги надминете, можеби е време за нова потрага.

1. Нема висока самодоверба. Ова влијае на вашите излегувања и многу често ви го згушува слободниот дух.

2. Шармантен е, но не знае како да ве шармира. Дури и кога се труди, при флертот знае да изгледа навистина чудно и смешно.

3. Не е е лидер, но исто така и не сака да биде. Од друга страна пак, вие лесно ги преземате работите во вашите раце и водите кога тоа е потребно.

4. Се плаши од преземање ризици. Тој ретко кога излегува од својата удобна зона, па затоа можете уште веднаш да заборавите на скокање со падобран од авион.

5. Тој е сладок, но никогаш не е центарот на забавата. Кога сте излезени со вашето друштво, тој воопшто не вложува труд во забавувањето бидејќи едноставно не се чувствува удобно таму.

(2) 11 проблеми што настануваат во љубовните врски со добри момци

6. Знае да биде неодлучен. Постојано ги остава одлуките на вас, и тоа не ви пречи иако понекогаш би сакале да ве изненади со преземање на водството.

7. Постојано детално планира. Не сака да го живее својот живот на работ и ако вие сте авантурист, тоа може да ве згуши.

8. Има сопствени правила. Ретко кога сака да ги скрши и навистина да почне да го живее животот.

9. Спие за да си ги наполни батериите. Додека вие спиете за да сонувате.

10. Во оваа врска нема спонтаност. Тој мора однапред да ги испланира сите чекори, дури и ако вам ви изгледа како нешто да се случило спонтано.

11. Постојано работи и сака да напредува во кариерата. Понекогаш ова го обзема, па не му останува простор за забава.

(1) 11 проблеми што настануваат во љубовните врски со добри момци

Имајќи го сè ова на ум, вие никогаш не треба да останете во врска со некого само затоа што спаѓа во категоријата „добро момче“. Од друга страна пак, никој не е совршен. Ако ви се допаѓаат неговите негативни страни и не ви пречат, додека истовремено ве исполнуваат сите оние позитивни работи, тогаш се наоѓате покрај вистинската личност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар