11 факти што објаснуваат зошто морето толку многу нè опушта и зошто е толку добро за нашето здравје

11 факти што објаснуваат зошто морето толку многу нè опушта и зошто е толку добро за нашето здравје

Нам ни е сосема доволно и тоа што во него едноставно уживаме, но морето за нас прави многу повеќе од прекрасниот ефект на опуштање. Морските воздух и вода навистина се добри, како за нашата душа, така и за нашето тело и може да бидат вистински лек.

1-11-fakti-koi-objasnuvaat-zoshto-moreto-tolku-mnogu-ne-opushta-i-mu-prijae-na-organizmot-www.kafepauza.mk_

1. Лечење со морска вода

Грците биле првите кои го забележале лековито делување на морето. Популарната бранотерапија, односно лечење со морска вода, потекнува од Грција. На грчките острови Родос и Крф, бранотерапијата се применувала уште пред 2.500 години. Се користела за лекување болести како што се егзема, артритис, астма, псоријаза и болки во грбот. Хипократ ги открил лековитите својства на морската вода набљудувајќи го нејзиното делување врз раните. Забележал дека водата го забрзува зараснувањето на раните, ги спречува инфекциите и ја намалува болката. Во Франција уште во средината на 19 век се отвориле центри за лекување на здравствени тешкотии со помош на супстанци кои се добиени од морската вода.

2. Морската вода содржи важни животни елементи

Морето ги содржи сите елементи кои се важни за нашиот живот – натриум, магнезиум, калциум, калиум, силициум, па дури и сребро и злато. Морската вода длабоко продира во кожата и со тоа овозможува делување на минералите и елементите во траги. Морето, исто така, содржи алги кои изобилуваат со минерални супстанци. Алгите одамна се сметаат за извор на здравје и убавина. Тие го поттикнуваат обновувањето на клетките, го подобруваат изгледот на кожата, го стимулираат метаболизмот, го зајакнуваат имунитетот, ги спречуваат воспаленијата, ја чистат кожата и помагаат при отстранувањето на целулитот.

3. Морето благотворно делува на астмата и на алергиите

Морската сол делува како антисептик и антихистаминик, поради што е благотворна кај кожните алергиски реакции. Светските педијатриски болници веќе долго низ годините успешно користат купки со морска сол за лекување и ублажување на алергиите. Чистиот морски воздух, заситен со негативни јони, го олеснува дишењето и поволно делува на личностите кои боледуваат од астма.

4. Со сончањето го снабдуваме телото со витамин Д

Сончањето не допринесува само за убав тен, туку и го снабдува телото со витаминот Д којшто му е многу потребен на нашиот организам. Неодамнешните истражувања покажуваат дека тој игра клучна улога во спречување многу болести, вклучувајќи мултипла склероза и рак. За да добиете витамин Д не морате да се сончате по најголемата горештина. За сончање изберете ги претпладневните или вечерните часови.

3-11-fakti-koi-objasnuvaat-zoshto-moreto-tolku-mnogu-ne-opushta-i-mu-prijae-na-organizmot-www.kafepauza.mk_

5. Одмарањето на море ослободува од стресот

Дали има нешто порелаксирачко од сонце, лесен ветар и шум на бранови? Летувањето на море ви дава прилика да заборавите на секојдневните проблеми и целосно да се опуштите. Магнезиумот, што морската вода го содржи во голема количина, докажано делува во борбата против стресот. Алтернативните лекари сметаат дека стресот може да биде причина за развивање разни болести. Токму затоа искористете го годишниот одмор за да се ослободите од вашиот најголем непријател.

6. Морскиот воздух е богат со негативни јони

Морскиот воздух содржи негативни јони и озон кои го поттикнуваат длабокото дишење. Негативните јони го зајакнуваат имунитетот, ја подобруваат концентрацијата, ја намалуваат несоницата, депресијата, главоболката и заморот, како и поволно делуваат на луѓето со астма и алергии. Воздухот кој е заситен со негативни јони можеме да го пронајдеме во шумите и планините, близу водопадите, реките, океаните и морињата. Морето ги ублажува артритисот и болките во грбот. Благодарение на својот состав морската вода ја олеснува болката, го намалува воспалението и го поттикнува ослободувањето на вишокот течности во организмот. Заради тоа капењето во море им носи олеснување на личностите кои патат од реума, артритис, болки во грбот и мускулите.

7. Морската вода го поттикнува чистењето на организмот

Зошто морската вода е одличен избор за чистење на организмот? Затоа што капењето во неа го поттикнува функционирањето на органите кои ги филтрираат и ги излачуваат штетните супстанци од организмот, како што се црниот дроб, бубрезите и кожата. Наталожените штетни материи започнуваат да се движат преку лимфите и крвотокот кон површината, а се олеснува процесот на излачување. Капењето во море ја поттикнува промената на материите и чистењето од штетните состојки не само на кожата и сврзното ткиво, туку и на целосниот организам.

5-11-fakti-koi-objasnuvaat-zoshto-moreto-tolku-mnogu-ne-opushta-i-mu-prijae-na-organizmot-www.kafepauza.mk_

8. Морето ги лечи проблемите со кожата

Морската сол е необично богата со различни состојки. Помеѓу осумдесетте различни минерали, елементи во траги, карбонати и сулфати, присутни се и калциум, калиум, бром, натриум, манган, магнезиум, јод, железо, флуор и силициумска киселина. Заради таквиот богат состав, морската вода благотворно делува на кожата и помага при бројни кожни заболувања, како што се дерматитис, псоријаза и егзема.

9. Морето ја поттикнува креативноста и емоциите

Морето и воопшто елементите на водата отсекогаш биле поврзани со креативноста и чувствата. Престојувањето во близина на вода може да ги поттикне емоциите, интуицијата, фантазијата и креативноста.

10. Благотворно делува на здравјето на очите

Сината боја на морето и гледањето во далечината поволно делуваат на очите. Ако поминувате многу време зад компјутерот, тогаш летувањето на море ќе ви помогне да се одморите. Но ова не се случува само морската површина. Шетајте низ шума, вежбајте, сончајте се, капете се во река или езеро, избегнувајте го стресот, оставете го телевизорот, мобилниот телефон, компјутерот и видео игрите, земете ја вашата омилена книга и читајте! Обезбедете си повеќе сон од вообичаено, набавете морска сол и наполнете ја бањата – ефектите ќе бидат скоро идентични.

11. Морето е идеално за спортски активности

Пливање, нуркање, сурфање, морски аеробик, одбојка на плажа… Летувањето на море е идеално за спортски активности кои се добри за обликување на телото. Спортот и здравјето се тесно поврзани. Всушност, без спорт нема здравје. Затоа нурнете се во водата и уживајте во спортските активности кои ги овозможува морето.

4-11-fakti-koi-objasnuvaat-zoshto-moreto-tolku-mnogu-ne-opushta-i-mu-prijae-na-organizmot-www.kafepauza.mk_

Доколку веќе испланиравте да заминете на море, погледнете што прават 10 дена на море за вашето здравје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар