10 знаци дека веќе сте најдобрата верзија од себе

Постојано работите на сопственото надградување и усовршување и постојано ви изгледа дека ви фали нешто, но можеби и се лажете. Можно е веќе да постигнувате максимум од она што може да се постигне со ресурсите кои ви се на располагање во моментот. Ако ги забележите овие знаци кај себе, тогаш вие веќе сте најдобрата верзија од самите себе.

10 знаци дека веќе сте најдобрата верзија од себе

1. Знаете како да ги стопирате негативните гласови во главата и тоа го правите веднаш штом се појават. Понекогаш се сомневате во себеси, но не дозволувате тоа да ве извади од колосек.

2. Знаете кога и како да кажете „не“. Јасно означувате каде се вашите црвени линии и ги почитувате.

3. Си простувате себеси. Се соочувате со одредени падови, но не сте претерано самокритични заради тоа. Си простувате за тоа што се случило и продолжувате напред.

4. Учите нешто ново секој ден. Љубопитни сте и уживате во проширувањето на вашите погледи на светот.

5. Ги прифаќате своите недостатоци. Се прифаќате онакови какви што сте. Знаете дека е човечки да се биде несовршен.

6. Го слушате своето тело. Не правите што било ако тоа не му се допаѓа на вашиот организам. Го слушате својот организам и се повлекувате пред неговите критики кога ќе почне да се бунтува против вас.

7. Ги прифаќате промените како можност за личен развој. Сте сфатиле дека промената е единствената постојана работа во животот. Не ги гледате како товар со кој треба да се справите, туку како можност да научите нешто и да пораснете со нив.

8. Сте искусиле неуспех. Тоа значи дека сте биле храбри да ризикувате. Можеби сте дале сè од себе, но околностите биле такви што и покрај тоа не сте можеле да успеете. Не сте допуштиле разочарувањето да ве парализира и сте продолжиле понатаму кон нови успеси и неуспеси.

9. Излегувате од зоната на комфорот. Ова е можеби најголемата неопходност за личен развој. Излегувањето од зоната на комфорот ве соочува со вашите стравови и ви дава информации за делови од вашата личност за кои не сте свесни дека постојат.

10. Имате врски со луѓе кои прават да се чувствувате добро. Сте се опкружиле со луѓе кои ги сакате и кои ве сакаат и со кои си помагате во секоја животна ситуација.

Ако се препознавате во сите десет знаци, а сè уште не сте задоволни од својот живот, треба да запомните дека сепак сте ја создале најдобрата верзија од себе со ресурсите со кои располагате. Сте постигнале максимум во околностите, случувањата и опкружувањето во кои живеете. Да можело повеќе, ќе сте постигнеле и повеќе. Затоа, ако се пронајдовте во погорните редови, не дозволувајте да бидете незадоволни од она што сте го постигнале досега, затоа што е многу и можете да бидете горди на себе.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар