10 работи кои треба да ги знаете ако се жените со силна жена

Ова се неколку работи кои би ве советувале да ги имате на ум доколку размислувате да се венчате со силна жена.

1. Нам ни е потребно да работиме

1-10-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-ako-se-zhenite-so-silna-zhena-kafepauza.mk

Класична домаќинка или вработена мајка? Нема дискусија околу оваа работа, за нас работата е дел од она што сме.

2. Ние мора да имаме контрола над парите

2-10-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-ako-se-zhenite-so-silna-zhena-kafepauza.mk

Добро, можеби контрола е груб збор, но да разјасниме: Ние цело време ќе знаме што се случува. Па, зошто минатиот месец си потрошил толку многу? Шега!

3. Немаме гајле кога треба да излеземе соло

3-10-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-ako-se-zhenite-so-silna-zhena-kafepauza.mk

Ние немаме никаков проблем да излегуваме неколку викенди сами, додека вие се забавувате со момците. Само не очекувајте дека вашата страна од креветот ќе остане празна, затоа што ќе ви ја зафатиме целата… и ќе уживаме во тоа.

4. Не си го трошиме времето со мисловни игри

4-10-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-ako-se-zhenite-so-silna-zhena-kafepauza.mk

Жените обично ги смислуваат таквите игри за да си поиграат со вашиот ум. Но, кај нас она „добро сум“ кога не сме, не постои. Ние сме силни жени и не заобиколуваме, ако не сме добро ќе си кажеме дека не сме и тоа е тоа!

5. Ќе ви кажеме што сакаме

5-10-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-ako-se-zhenite-so-silna-zhena-kafepauza.mk

Ајде да кажеме дека тоа што знаеме што сакаме се познава во повеќе аспекти од нашата врска.

6. Ќе ви укажеме на секој вид сексизам

6-10-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-ako-se-zhenite-so-silna-zhena-kafepauza.mk

Доколку сакате да бидете со нас, тогаш и вие секако мора да бидете феминисти и да се навикнете на нашите коментари на секој сексизам.

7. Немаме проблем да ги земеме работите во наши раце

7-10-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-ako-se-zhenite-so-silna-zhena-kafepauza.mk

Вообичаено не ни пречи да жонглираме со многуте обврски затоа што тоа нè исполнува. Но, тоа не значи дека сакаме да ве тргаме на страна. Бракот е и партнерство.

8. Ние сепак сакаме и вие да преземете дел од одговорностите

8-10-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-ako-se-zhenite-so-silna-zhena-kafepauza.mk

Дали сме добри во тоа што го правиме? Секако дека сме. Но, тоа не значи дека одвреме-навреме не сакаме и вие да преземете дел од одговорностите. Всушност не, тотално е секси кога вие ќе ја преземете контролата, а ние ќе се чувствуваме слободно.

9. Ние не веруваме во пумпање на машкото его

9-10-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-ako-se-zhenite-so-silna-zhena-kafepauza.mk

Некои мажи се згрозени од силни и независни жени кои прават пари. Тоа не смее да биде така, затоа што сигурните мажи нема зошто да бидат згрозени од моќни жени.

10. Покрај сè, вие навистина сте ни потребни

10-10-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-ako-se-zhenite-so-silna-zhena-kafepauza.mk

Пред вас ќе се претставиме како силни независни жени кои може да се справат со она што животот ни го носи. Но, да имаш некој зад себе е навистина прекрасно.

Потребни сте ни повеќе отколку што можете да видите, силните жени не секогаш сакаат да убиваат пајаци по дома.

За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

Остави коментар