10 начини да го комбинирате текас здолништето во текот на оваа есен

Тексас здолништето е составен дел од гардероберот на секоја девојка која ја следи модата. Во принцип, секогаш кога ќе кажеме тексас здолниште, поголемиот дел од луѓето најпрво помислуваат дека е во прашање краток модел. Но, тексас здолништата имаат толку различни варијации кога станува збор за должината и моделот, па треба да обрнете внимание на секоја од нив. Никогаш не е лошо да побарате уште некоја нова модна идеја, па еве неколку за поразлични начини на кои можете да го стилизирате и комбинирате ова парче облека во текот на оваа есен.

1-10-nachini-kako-da-go-nosite-tekas-zdolnishteto-vo-tekot-na-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_

1. Комбинирајте го со кое било парче со леопардски принт

Не е важно дали станува збор за патики, блуза или каиш. Принтот секако ќе ја освежи вашата модна комбинација и ќе ѝ додаде одредена доза шик. Кога станува збор за леопардскиот принт, единствено нешто што е важно е да не претерате.

2-10-nachini-kako-da-go-nosite-tekas-zdolnishteto-vo-tekot-na-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_

2. Искинат тексас и краток дуксер

Ова е потполно опуштен фазон кој има младешка „вибрација“. Ваквата секојдневна модна комбинација е идеална за секоја прилика која бара одреден код на облекување.

3-10-nachini-kako-da-go-nosite-tekas-zdolnishteto-vo-tekot-na-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_

3. Есенски фестивалски изглед

На прв поглед звучи неспојливо, но ние ви откриваме како да создадете совршена комбинација на овие два стила. Како што веќе знаете, целата поента на модата е да го споите неспојливото…

4-10-nachini-kako-da-go-nosite-tekas-zdolnishteto-vo-tekot-na-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_

4. Класичен ретро шик изглед

Во прашање се парчиња облека кои со сигурност ги поседувате. Оваа модна комбинација е толку едноставна што немате изговор за да не ја испробате. Исто така, таа е прилично сигурна варијанта доколку се плашите да експериментирате.

5-10-nachini-kako-da-go-nosite-tekas-zdolnishteto-vo-tekot-na-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_

5. Мини тексас здолниште + џемпер со пруги

Вистинска есенска комбинација. Боите на џемперот се доволно интензивни за да не изгледате досадно, а од друга страна пак овие тонови совршено се вклопуваат со целиот топол есенски изглед.

6-10-nachini-kako-da-go-nosite-tekas-zdolnishteto-vo-tekot-na-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_

Продолжете на следната страница за уште неколку модерни, есенски модни комбинации.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар