8 здодевни детски навики што се всушност нормални - Part 2

8 здодевни детски навики што се всушност нормални

5. Плачење без причина

8 здодевни детски навики што се всушност нормални

Денес можеби не сте му дозволиле на детето да гледа телевизија и тоа почнало да плаче и да вика толку многу, што сте морале да го казните. Но сигурно не сте го зеле предвид фактот дека вчера сте му дозволиле да гледа телевизија 3 часа бидејќи сте биле зафатени.

Што се случува?

Децата секогаш ги помнат правилата на игрите и не им е јасно кога ситуацијата ќе се промени. Па, вашата неспособност да му ги задоволите потребите го прави фрустрирано.

Што да правите?

Размислете добро кога станува збор за забраните. Немојте да ги менувате правилата само затоа што сте посилни и затоа што можете. Поставете универзални правила и следете ги заедно со вашето дете.

6. Фрлање предмети

8 здодевни детски навики што се всушност нормални

Вашето дете постојано фрла моливи, играчки и други предмети. Ако имате бебе, можеби ја фрла неговата цуцла на земјата и плаче додека не му ја дадете.

Што се случува?

Бебињата се склони кон импулсивно однесување и не можат да го контролираат бидејќи мозокот не им е доволно развиен. Покрај тоа, фрлањето нешта е вештина што децата треба да ја вежбаат. На овој начин ги развиваат моторичките способности и координацијата помеѓу рацете и очите. На крај, кога детето фрла нешто, тоа ја учи врската помеѓу причината и последицата (ако фрли нешто, тоа паѓа).

Што да правите?

Обидете се да му објасните на детето кои нешта може да ги фрла, а кои не. 2-годишно дете може да го разбере ова.

7. Не сака да јаде

8 здодевни детски навики што се всушност нормални

Вашето дете имало добар апетит, но одеднаш престанало да ги јаде и неговите омилени видови храна.

Што се случува?

Педијатарите издвоиле неколку причини за намален апетит како замор, растење заби или едноставно, желба за играње. Но истражувањата покажале дека новите прехранбени продукти можат да имаат влијание на навиките за јадење. Бебињата се конзервативни и новите нешта ги плашат, па можете да ја влошите ситуацијата ако продолжите да го терате да јаде.

Што да правите?

Не терајте го детето да јаде ако не сака. На 2-годишна возраст тоа може да разбере дали е сито. Новите продукти во исхраната вметнувајте ги постепено и на овој начин ќе му помогнете да изгради здрава врска со храната.

8. Постојана хистерија

8 здодевни детски навики што се всушност нормални

Ненадејната хистерија на децата е најлошиот кошмар за родителите. На почетокот плачат за да добијат нешто, но потоа губат контрола. Нештата само се влошуваат ако сето ова се случува на јавно место. Понекогаш е речиси невозможно да го смирите детето.

Што се случува?

Обично е навистина тешко да се најде причината за хистеријата. Може да биде замор, емоционално преоптоварување, глад и слично. Во овој случај, ако одбиете да му ја купите посакуваната играча на детето, целата ситуација може да се претвори во трагедија. Возрасните можат да се справат со нивните емоции, но нервниот систем на децата не е толку добро развиен.

Што да правите?

Бесцелно е да се обидувате да разговарате или да му го привлечете вниманието на детето. Можете да се обидете да ја избегнете хистеријата уште на почетокот така што ќе му понудите нешто поинтересно. А можете да го оставите детето да се исплаче и самото да се смири. Експертите не советуваат да попуштате во овие ситуации.

Понекогаш и родителите се одговорни за детското однесување. Погледнете кои се проблемите во однесувањето на вашето дете за кои можеби сте виновни вие.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар