Зборови кои ќе ве расплачат: Емотивно писмо на еден маж до својата бивша сопруга

Кога го изговараме судбоносното „да“, сите веруваме дека тоа навистина е за секогаш и дека среќата никогаш нема да ни го сврти грбот. Но секогаш треба да бидете подготвени и на тоа дека може да тргне наопаку, па дури и во моментите кога најмалку се надевате. Разводот е денес толку честа појава што стана дури сосема вообичаена работа. За тоа сведочи и ова емотивно писмо кое еден маж го напишал за својата поранешна сопруга во име на сите преубави моменти кои ги поминале заедно.

zborovi-koi-kje-ve-rasplachat-emotivno-pismo-na-eden-mazh-do-svojata-bivsha-sopruga-kafepauza.mk

Денес е нашата дваесетта годишнина од брак кој заврши во судница.

Кога ја донесовме оваа одлука пред неколку месеци, целиот свет ми се сруши. Се плашев каков ќе ми биде животот без тебе. Толку долго беше единствената во мојот живот. Дозволи ми да го споделам со тебе сето она што го мислам и чувствувам.

Заслужуваш награда што помина 20 години со мене. Обајцата знаеме дека не сум лесен за сакање. Секогаш си била спремна со својот шарм и стил да ја исправиш мојата дрскост и секогаш да бидеш покрај мене.

Ти си прекрасна мајка. Твојата добрина и љубов која им ја пружаш на нашите деца е најубавата работа која те краси. Никогаш нема да дознаеш колку многу научив од тебе додека ги одгледувавме заедно.

Сакам да бидеш среќна. Заслужуваш да бидеш среќна. Сакам да имаш мирен живот и да бидеш исполнета жена.

Повторно би те оженил дури и кога однапред би знаел дека вака ќе заврши. Имаме три прекрасни деца и јас сум многу подобра и потполно поинаква личност заради тебе од она што бев некогаш.

Не можеш да ме натераш да престанам да те сакам. И кога би сакал да те замразам за да ми биде полесно, не би можел бидејќи си премногу добра личност. Единствената работа која ме изненади е што можеме да бидеме пријатели после сè што се случи. И мило ми е што завршивме како добри пријатели. Сакам кога разговараме за нашите деца, за животот, за филмови, музика…

Не сум прост. Знам дека жена како тебе нема да биде уште долго време сама. Тебе е многу лесно човек да те сака. Сакам да знаеш дека ќе го подржам кој и да го избереш за свој партнер.

Како што се приближуваше овој ден, сè повеќе размислував за него. И сакав да го прекинеме овој брак на мирен и разумен начин.

Те сакам.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Spasija Reply

    Covek mora da e mnogu hrabar i jak i mnogu da ja sakal ili go sakal svojot partner/ka za da moze da napise vakvo nesto… Ej da e sekogas vaka… Tuku izlevas öd eden mrak mislam brak so Edna golema bolka i omraza vi dusata… Za sreka bolkata se izlekuva a omrazata prema mazite ostanuva vi dusata kako potsetnik…

Остави коментар