„Ванитас“ тест: Она што прво ќе го забележите на сликата кажува многу за вас

„Ванитас“ тест: Она што прво ќе го забележите на сликата кажува многу за вас

Во уметноста постои уникатен жанр под називот „ванитас“, во кој една слика полека се претвора во друга, а набљудувачот не може да сфати како и кога се случува тоа. Таквите слики често се користат од страна на психолозите за да откријат скриени аспекти на човековата потсвест.

Важно е да го запаметите оној облик кој прв сте го воочиле. Најверојатно после неколку секунди ќе ги видите и останатите.

Денес ви предложуваме да го погледнете овој интересен тест. Што прво воочувате на сликата? Одговорот за значењето, според вашиот избор, ќе го откриете подолу.

„Ванитас“ тест: Она што прво ќе го забележите на фотографијата кажува многу за вас

Череп

И покрај неговата застрашувачка форма, черепот симболизира сила. Вие сте подготвени за нови предизвици и победи. Истовремено сте свесни дека животот поминува и знаете дека на сѐ му доаѓа крајот. Вие не се фокусирате на материјалните работи, важно ви е самото патување, а не резултатот. Баш поради тоа, сѐ ви оди добро. Ќе постигнете многу ако не се оттргнете од овој пат.

Жена

Жената со спуштена глава надолу симболизира умор. Најверојатно сте малку збунети и не знаете што да правите понатаму. Одморете се и по можност оставете ги нерешените работи настрана. Сега не сте во најповолна ситуација за да ги решавате. Не би било лошо да ја промените средината, барем на неколку дена, за да соберете сила. Најверојатно покрај вас постои личност која ви ја одзема енергијата. Направете внимателен избор на оние кои ве опкружуваат и не плашете се од разделби со луѓето со кои немате добар однос.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар