Тинејџерка која е прекриена со бенки споделува моќна порака за животот

Тинејџерка која е прекриена со бенки споделува моќна порака за животот

19-годишната Сиера Своринген која живее во Роквел, Северна Каролина, страда од ретка болест позната како „Гигантски вродени меланоцитни невуси“. Таа има стотици белези во вид на бенки кои прекриваат 2/3 од нејзиното тело, од кои најголемиот се протега од нејзиниот папок до долниот дел од бутините. Оваа ретка состојба на кожата се појавува на секои 500.000 луѓе.

(7) Тинејџерка која е прекриена со бенки споделува моќна порака за животот

Сиера ја поседува оваа состојба од бебе и постојано трпи вербално насилство поради неа. Но, во одреден момент од нејзиниот живот таа одлучила дека треба да развие позитивен став и да почне да го сака своето тело, без разлика што другите ѝ зборуваат. Таа вели:

„Секој е роден различен и на крајот на денот сите ние имаме нешто што нè прави необични, без разлика дали тоа е од внатре или од надвор.“

(2) Тинејџерка која е прекриена со бенки споделува моќна порака за животот

Но, луѓето, а особено децата, понекогаш знаат да бидат навистина сурови.

„Еден ден се сеќавам дека бев во училишниот автобус и слушнав како младо момче ми се смее и ме нарекува куче со дамки. Тоа навистина ми ја урна самодовербата. Бев многу млада и оваа состојба правеше да се издвојам од другите деца, како нешто да не е во ред со мене. Со текот на времето научив како да ги отфрлам негативните коментари и да се потсетувам дека повеќето зјапаат и кажуваат злобни нешта бидејќи едноставно не се навикнати да гледаат некој со мојата состојба.“

(3) Тинејџерка која е прекриена со бенки споделува моќна порака за животот

Една од причините поради која Сиера има позитивно гледиште кон нештата е поради силната поддршка и љубов која ја добива од нејзините родители. Тие овие бенки ги нарекуваат бакнежи од ангелот. Бидејќи таа пораснала во мал град, со популација од 600 луѓе, нејзините соседи се навикнале да ги гледаат нејзините бенки и да се чувствуваат удобно во нејзино присуство.

„Луѓето во мојот град веќе не зјапаат во мене кога ќе поминам покрај нив, бидејќи ме познаваат. Но, кога одам на ново место, не е толку лесно.“

(4) Тинејџерка која е прекриена со бенки споделува моќна порака за животот

За нејзината состојба нема лек и бидејќи точките го прекриваат поголемиот дел од нејзиното тело и постојано се развиваат, таа нема да може да ги отстрани. Таа исто така има и многу голем ризик од развивање рак.

„Кремата за сончање е мојот најдобар пријател. Кога е топло носам шорцеви и маичка, но мора да внимавам со цел да бидам сигурна.“

(5) Тинејџерка која е прекриена со бенки споделува моќна порака за животот

Сиера предизвикува огромно позитивно влијание со споделувањето на нејзината приказна на социјалните медиуми. Таа не се крие, туку гордо ги покажува своите фотографии и прави сè она кое секој друг тинејџер на нејзини години го прави – се дружи со пријателите, се забавува и оди на журки. Со тоа ни покажува дека сите луѓе се исти, без разлика на нивната внатрешност или надворешност, па токму затоа и не треба никој да се осудува. Таа е многу млада за да се справува со олку сериозен здравствен проблем, но со нејзиниот позитивен став, самодоверба и среќа сигурно има светла иднина.

(8) Тинејџерка која е прекриена со бенки споделува моќна порака за животот


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар