Тест на личноста: Што ви недостасува моментално во животот?

Дури и да сте задоволни од животот и вашиот успех, постои голема веројатност дека сепак нешто ви недостасува. Можеби имате одлична кариера, но немате партнер и постојано сте уморни. Можеби сте среќно заљубени, но не знаете како да напредувате на професионален план. Можеби летото не ви беше доволно и ви треба одмор. Погледнете ги следниве фотографии. Она што прво ќе ве привлече, може да ви открие многу интересни работи за вас и вашите потреби…

Тест на личноста: Што ви недостасува моментално во животот?

1. Пуст остров со палма

2. Бахами

3. Канцеларија со многу вработени

4. Брачен кревет

5. Шопинг

6. Рулет

Ја одбравте фотографијата што најмногу ве привлекува? Тогаш, можете да ги погледнете резултатите од тестот и да дознаете што ви недостасува во животот…

1. Пуст остров

Тест на личноста: Што ви недостасува моментално во животот?

Сите очекуваат нешто од вас и постојано сте под притисок. Луѓето воопшто не ги гледаат и почитуваат вашите граници. Потребни ви се мир и тишина, време што ќе можете да си го посветите себеси. Најдобро е да се повлечете малку и да се изолирате. Дозволете си го одморот во кого ќе уживате сами или со личност која не ве оптеретува.

2. Бахами

Тест на личноста: Што ви недостасува моментално во животот?

Ова рајско место за кое ќе ви треба цела годишна плата за да го посетите, открива дека посакувате живот во којшто нема да мора да водите сметка за егзистенцијата. Посакувате живот каде што сѐ е лесно остварливо. Посакувате уште денес да се качите на авион и утре да се излежувате на некоја плажа на крајот од светот, без грижи за она што ќе го оставите овде. Потребно ви е помалку да се грижите и да им дозволите на вашите фантазии да се развиваат.

3. Канцеларија

Тест на личноста: Што ви недостасува моментално во животот?

Сѐ уште не сте го покажале она што имате да му го понудите на светот. Мора да ги покажете вашите таленти и она што најдобро знаете да го правите. Сакате да бидете целосно посветени на вашата работа, да се вреднува вашиот труд и да напредувате. Сакате работа што ќе ве полни со ентузијазам и креативност.

4. Брачен кревет

Тест на личноста: Што ви недостасува моментално во животот?

Вашиот живот почнува да добива сосема друга смисла. Повеќе не сакате да бидете сами. Имате потреба да му припаѓате некому или на нешто и сакате да формирате семејство. Ви недостасува љубов, доверба, топлина и сигурност. Ако сте во брак и сте ја одбрале оваа фотографија, тоа е знак дека треба да поработите на блискоста и интимноста со партнерот.

5. Шопинг

Тест на личноста: Што ви недостасува моментално во животот?

Моментално сакате да ги оставите сите грижи зад себе. Сакате патувања, одење на шопинг, излегувања и забава. Најверојатно веќе подолго време не можете да исполните некои од вашите желби, не можете да водите нормален живот и да трошите без да се грижите за сметките и другите финансиски обврски.

6. Рулет

Тест на личноста: Што ви недостасува моментално во животот?

Ви треба промена, ризик, креативност и можност за творење поради уживање, а не поради преживување.Чувствувате дека веќе нема време за чекање и дека мора да го преземете првиот чекор. Проценете сами колку сте заглавиле во монотонијата на вашиот секојдневен живот и придвижете се, менувајте се и ризикувајте, барем со малите работи. Разбудете го вашиот авантуристички дух!

Сега кога дознавте што ви недостасува во животот, направете го и следниов тест на личноста.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар