Изберете цвет и откријте ја суштината на вашиот живот - Part 8

Изберете цвет и откријте ја суштината на вашиот живот

Љубичица

Тест кој има моќ да ја прочита вашата личност: Изберете цвет и дознајте нешто за себе

Во грчката и римската митологија, богот Аполон немилосрдно истерал една од нимфите на неговата сестра Артемида. За да ја заштити нимфата од својот брат, таа ја претворила во љубичица и поради тоа ова цвеќе се поврзува со скромност и чистота. Ако сте привлечени од љубичицата, вие сте воздржани и ја цените едноставноста, што не значи дека немате силна интелигенција. Многу експерти за соништа веруваат дека љубичицата во сонот е знак за среќа, што значи дека исто така вие имате и среќа во животот.

На сликата Офелија од Џон Еверер Миле, врз основа на трагичниот лик на Шекспир, љубичиците пловат од мртвото тело на Офелија. Сепак, не плашете се дека ќе умрете млади токму поради тоа што ве привлекува овој цвет. Тоа значи дека исто како и Офелија, вие имате склоност да бидете несфатени. Никој не го знае вашето вистинско лице, освен вашите блиски пријатели, но никогаш не би прифатиле да бидете нешто друго освен искрена личност која се држи до приватноста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар