Разликата меѓу мажите и жените

Разликата меѓу мажите и жените

Оваа кратка приказна точно ја илустрира разликата во начинот на размислување помеѓу мажите и жените. Со ова не би сакале да ги генерализираме жените, ниту да ги качиме мажите на пиедестал, туку малку да се насмееме на сметка на првите, па патем можеби и да сфатиме зошто некои работи во врските понекогаш толку различно се доживуваат од партнерите.

razlikata-megju-mazhite-i-zhenite-kafepauza.mk

Нејзиниот дневник:

Вечерва мојот сопруг се однесуваше чудно. Имавме испланирано да одиме во фин ресторан на вечера. Бев на шопинг цел ден со пријателките, па мислев дека е вознемирен што малку доцнев, но не рече ништо. Не правевме многу муабет, па предложив да одиме на потивко место за да можеме да разговараме. Се согласи, но не збореше многу. Го прашав што му е, ми рече „ништо“. Го прашав дали јас сум крива што се чувствува вознемирено. Ми рече дека не е вознемирен, дека нема никаква врска со мене и да не се секирам. На враќање накај дома му кажав дека го сакам. Благо се насмевна и продолжи да вози. Не можам да го објаснам неговото објаснување, не знам зошто не ми кажа „и јас те сакам тебе“. Кога дојдовме дома, се чувствував како сосема да го изгубив, како да не сакаше да има ништо повеќе со мене. Само седеше и гледаше телевизија. И понатаму изгледаше далечен и отсутен. Конечно, по толку тишина помеѓу нас, решив да си легнам. По 15 минути дојде и тој. Но и понатаму чувствував дека нешто му го одвлекува вниманието и дека мислите му се некаде на друго место. Тој заспа – јас плачев. Не знам што да правам. Скоро сум сигурна дека мислеше на некоја друга. Животот ми е ужас.

Неговиот дневник:

Моторот нејќеше да запали… Не ми е јасно зошто.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар