Покажете ја љубовта кон саканата личност со некој од овие прекрасни романтични цитати

Заљубувањето се случува ненадејно и неочекувано. Станува збор за неописливо чувство на топлина и сигурност кое ги разигрува пеперутките во стомакот и предизвикува некоја необјаснива еуфорија при самата помисла на саканата личност. Иако не постојат зборови што можат да го опишат интензитетот на овие емоции, следниве неколку романтични цитати барем малку успеваат да го доловат чувството на заљубеност…

Покажете ја љубовта кон саканата личност со некој од овие прекрасни романтични цитати

„Поради тебе се чувствувам целосно. Поради тебе знам дека сѐ е возможно. Те сакам поради тоа што си и поради тоа што покрај тебе чувствувам дека можам да постигнам сѐ што ќе посакам во животот.“ – Тајлер Нот Грегсон

„Попрво би живеел еднаш со тебе, отколку да треба да се соочам со сите животни доби сам.“ – „Господар на прстените“ (Lord of the Rings)

„Ти си моето денес и сите мои наредни утра.“ – Непознат автор

„Кога ќе го сретнете човекот што може да го смени начинот на кој чука вашето срце, танцувајте со него на срцевиот ритам сѐ додека песната трае.“ – Кирк Дидрих

„Сѐ ме носи кон тебе. Сѐ што постои, сите миризби, светла и метали се како мали бротчиња што пловат кон твоите острови кои ме чекаат само мене.“ – Пабло Неруда

„Средбата со тебе беше како да сум чул песна за прв пат и веднаш сум знаел дека таа ќе биде мојата омилена.“ – Непознат автор

„Кога ќе сфатите дека сакате да го поминете остатокот од вашиот живот со некоја личност, посакувате остатокот од животот да започне што е можно побрзо.“ – „Кога Хари ја запозна Сали“ (When Harry Met Sally)

„Се колнам дека кога нашите усни ќе се допрат, можам да ги вкусам наредните 60 години од мојот живот.“ – Р. Ф.

„Од сите работи што имале можност да ги допрат моите раце, ти си најдоброто нешто досега.“ – Непознат автор

(2) Покажете ја љубовта кон саканата личност со некој од овие прекрасни романтични цитати

„Тебе би те одбрала во стотици животи, во стотици светови, во секоја верзија на реалноста, би те пронашла и би те одбрала тебе.“ – Кирстен Вајт

„Никогаш не би можела да го опишам со зборови чувството кога сум склопчен/а во твоите раце, а нашите прсти се испреплетени и твојот нежен здив ми го гали вратот. Но, она што можам да ти го кажам е дека таму припаѓам, твојата прегратка е моето засолниште и вечен дом.“ – Б. Р. К.

„Се вљубив во начинот на кој заспиваш бавно и одеднаш истовремено.“ – Џон Грин

„Кога сум покрај тебе како да пијам од вечноста, од сонцето, од ѕвездите, од небото. Никогаш не сум вкусила нешто подобро.“ – Кристи Ен Мартин

„Кога сакате некого, можете да ја видите целата нивна магија и ги потсетувате на неа секогаш кога тие ќе ја заборават.“ – Непознат автор

„Во бракот двајца поединци стануваат тим. Ќе го поминете целиот ваш живот учејќи еден за друг и одвреме-навреме нештата ќе тргнат наопаку. Но, убавината на бракот е тоа што доколку сте ја одбрале вистинската личност која ја сакате и ве сака, секогаш ќе најдете начин да ги пребродите потешкотиите.“ – Николас Спаркс

„Те сакам повеќе одошто можам да го изразам тоа со зборови.“ – Бен Фолдс

„Неверојатно е тоа кога некој ќе се појави во вашиот живот и вие не можете да се сетите како сте живееле претходно без таа личност.“ – Непознат автор

„Знаеше дека го сака кога зборот ’дом’ не беше повеќе поим за место, туку за личност.“ – Е. Левентал

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар