Парадоксот на Ферми: 11 теории за сè уште неостварениот контакт со вонземјани

Парадоксот на Ферми е контрадикцијата помеѓу веројатноста за постоење на вонземјани и недостатокот од контакти со нив. Погледнете 11 потенцијални одговори на оваа теорема, од кои некои звучат реално, а други изгледаат како сценарио од некој научно фантастичен филм.

1. Сите напредни цивилизации ги чекаат сигналите, но не ги праќаат

SONY DSC

Замислете си 10 луѓе расфрлани низ Земјата и оддалечени неколку илјадници километри еден од друг. Секој од нив има по еден мобилен телефон. Но, никој од нив не се обидува да се јави, туку сите чекаат да добијат повик.

2. Вонземјаните нè набљудуваат како животни во зоолошка

(2)11-teorii-za-se-ushte-neostvareniot-kontakt-so-vonzemjani-kafepauza.mk

Напредните цивилизации нè набљудуваат и проучуваат наместо да контактираат со нас. Постојат многу причини зошто би одбрале само да набљудуваат. Можеби чекаат да исполниме одредени критериуми како цивилизација или пак сакаат да нè набљудуваат без наше знаење.

3. Луѓето неправилно бараат живот надвор од Земјата

(3)11-teorii-za-se-ushte-neostvareniot-kontakt-so-vonzemjani-kafepauza.mk

Замислете дека се обидувате да контактирате некого така што му се јавувате на факс машина. Можеби вонземјаните ни испраќаат сигнали, но ние не ги слушаме правилно.

4. Животот на интелигентните цивилизации е толку краток што не можат да се начекаат

(4)11-teorii-za-se-ushte-neostvareniot-kontakt-so-vonzemjani-kafepauza.mk

Еден корисник на Редит многу добро ја објаснил оваа теорија:

„Периодот помеѓу развивањето на една цивилизација до тој степен што знае да користи радио бранови, и времето кога се уништува е премногу кратко (во споредба со староста на универзумот). Ова го оневозможува поклопувањето на две цивилизации.“

Луѓето ги откриле радиобрановите во 1880-тите, па можеби наскоро ќе станеме способни за меѓуѕвездено патување, пред да се уништиме од некоја војна.

5. Живееме во симулација, па нашата реалност е она што програмерите сакаат да биде

(5)11-teorii-za-se-ushte-neostvareniot-kontakt-so-vonzemjani-kafepauza.mk

Можеби некои многу поинтелигентни битија креирале симулација, а ние сме дел од неа. Можеби оваа виртуелна реалност е направена за истражување, или пак можеби е симулација на планетариум. Како и да е, ако креаторите не вметнале вонземјани во неа, ние никогаш нема да ги сретнеме.

Продолжува на следната страница…

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар