Одберете симбол и откријте го неговото значење

Симболите се моќни оружја на магиите. Нивното значење е вкоренето длабоко во човечката потсвест, па токму од таму тие ја добиваат својата моќ. Следниве 6 симболи се познати како едни од најмоќните. Тие се користени со векови во многу разни ритуали. Постои верување дека секогаш нè привлекува оној симбол кој ни е потребен во моментот. Па, одберете еден од нив и откријте што тој има да ви каже.

odberete-simbol-i-otkrijte-go-negovoto-znachenje-kafepauza.mk

1. Хорово око

Хоровото око, познато и како Удјат, е еден од најпрепознатливите симболи од древен Египет. Ако овој симбол ви го привлече вниманието, вам ви е потребна заштита. Окото ја претставува одмаздата на Хор против Сет, кој го дестабилизирал владеењето на неговиот татко, Озирис. Окото на Хор е персонификација на сè присутниот Бог, односно на фактот дека Бог постојано нè гледа.

Што да правите?

Можете да побарате помош и заштита од вашиот ангел чувар, или од универзумот. Можете и да направите некаков ритуал кој ќе ве ослободи од негативната енергија. Или пак, направете што било во коешто верувате и што ќе направи да се чувствувате безбедно.

2. Лавиринт

Лавиринтите биле создадени со цел да го заштитат она што се наоѓа во нивниот центар. Во митовите тоа е Минотаурот. Ако се обидеме да го толкуваме значењето на лавиринтот, можеме да кажеме дека тој ни помага да ја пронајдеме нашата вистинска природа, нашиот духовен центар или нашиот Бог. Лавиринтите биле создадени за да ги измамат демоните со тоа што ќе ги заробат во нивниот центар. Ако овој симбол ви го привлече вниманието, вие треба да го пронајдете вашиот внатрешен центар. Лавиринтите се користеле за разни ритуали на Крит, каде што свештениците танцувале во нив сè додека не стигнеле до некоја екстаза која ги поврзувала со универзумот.

Што да правите?

Ако вашиот избор е лавиринтот, голема е веројатноста дека сте изгубени. Напорната работа, натрупаниот распоред и заморниот животен стил ве оддалечиле од вашата духовност. Пронајдете го вашиот внатрешен мир. Потребно е да го пронајдете вашиот духовен центар.

3. Тризабец

Тризабецот е симбол за силна и света патријархална фигура. Ова е симболот на богот Шива од Хиндуизмот, како и на богот Посејдон од грчката митологија. Трите острици на копјето ги симболизираат трите очи, каде што средната острица го претставува третото око. Иако тризабецот бил демонизиран од страна на Христијаните, оригинално тој е симбол на изобилството, благословот и е алатка за отстранување на стравовите. Посејдон, братот на Зевс и Ад, бил еден од најмоќните богови во грчката митологија. Ако сте го одбрале овој симбол, вие треба да се ослободите од вашите стравови и да ја вратите вашата духовна доминација во астралниот свет.

Што да правите?

Мора да му покажете на светот дека не ви е страв. Вие сте слободни и никој не може да ви нанесе зло. Искористете ја моќта на тризабецот за да ги отстраните вашите стравови.

4. Трискелион

Бројот 3 отсекогаш се сметал за магичен и свет. Кај трискелионот темелите на нашето тело се силите на промената, поминувањето низ пречките и „скокањето“ преку физичките и духовните граници. Ако сте го одбрале овој симбол, вие мора да се ослободите од границите на вашиот физички живот. Трискелионот е персонификација на креативната сила на сонцето, a сончевите сили ни помагаат да созрееме. Трите краци на овој симбол создаваат „неприродна“ сила која може да се искористи за да се создаде реалноста која ја сакаме.

Што да правите?

Искористете ја вашата способност да ја создадете својата реалност. Верувајте во себе, а ова ќе ја зголеми вашата позитивна енергија.

5. Уроборос

Уроборосот е симбол кој многу бил користен од Гностиците, но во средниот век грешно бил поврзан со црната магија. Изгледа дека овој симбол бил свет амблем во Фригија, во првите векови пред нашата ера. Вистинското значење на овој симбол е потсетување за кармата и за бескрајниот континуум „време – акција – реакција“. Ако ова е симболот кој ви го привлече вниманието, треба да ја погледнете вашата карма. Потребно е да направите некаква промена бидејќи сте заробени во јамка во која ништо не се менува. А ништо не се менува, бидејќи тоа е ваш избор. Кога ќе го срушите кругот на уроборосот ќе излезете од јамката и ќе почнете да го живеете животот кој го заслужувате.

Што да правите?

Наједноставно е да откриете што е она кое постојано го правите а знаете дека е грешно. Променете го вашиот пристап кон ситуацијата која ве кочи за да излезете од бескрајниот круг.

6. Бумбар

Бумбарите ги положуваат своите јајца во мртвите тела на други животни. Од смртта тие успеваат да создадат живот, и токму поради ова Египќаните сметале дека доаѓаат од мртвите, од подземјето или пак, дека се направени од материи од подземјето. Ако го одбравте овој симбол, вам ви е потребна мудроста на вашите предци. Бумбарот исто така се поврзува со воскреснувањето, новото раѓање и реинкарнацијата. Овие „живи“ симболи се користеле во ритуали за здравје и долговечност. Овој симбол означува дека вие сте жедни за виталност.

Што да правите?

Треба да најдете начин да ја обновите вашата енергија. Најдобар почеток е промената во исхраната и физичката активност. Ако имате какви било симптоми, посетете го и вашиот лекар. Бумбарот ве повикува да се грижите за себе, но и да ги запомните вашите предци.

Ако сакате да откриете нешто повеќе за себе, погледнете го овој тест кој ќе ви одземе само 2 минути.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар