Одберете пеперутка и откријте потсвесни делови од вашата личност

Одберете пеперутка и откријте потсвесни делови од вашата личност

Станува збор за едноставен, но необичен тест кој се темели на потсвеста на човекот. Со одбирањето на пеперутката која ви привлекла најмногу внимание, вие покажувате одредени карактерни црти, за кои можеби и самите не сте биле свесни досега. Па, ако сакате да дознаете нешто повеќе за мистериите на вашата личност, тогаш погледнете што се крие под вашиот избор.

Одберете пеперутка и откријте потсвесни делови од вашата личност

Пеперутка број 1

Вие сте отворена личност и имате голема доверба во луѓето. Најблиските уживаат во комуникацијата со вас – ги привлекувате како извор на светлина и топлина. За вас со сигурност може да се каже дека сте сталожена личност.

Пеперутка број 2

Вие сте интересна, силна личност, која сака да се претставува во своето најдобро светло. Но, проблемот е во тоа што во вашата душа не е сè толку убаво и беспрекорно, како што на другите им изгледа однадвор. Сомнежите, грижите и несигурноста се ваши чести сопатници. Понекогаш знаете да бидете груби и злобни.

Пеперутка број 3

Вие сте многу емотивна личност. Мислите на невообичаен и креативен начин и кон сè што правите пристапувате од гледна точка на уметник. Вашите постапки многу често ја изненадуваат околината. На луѓето неретко им е тешко да најдат заеднички јазик со вас.

Пеперутка број 4

Се плашите да го покажете вашето вистинско лице. Повеќе сакате да премолчувате, отколку да го искажете своето мислење, што многу често е исправно. Не сте сигурни ниту во својата сила, ниту во способноста.

Пеперутка број 5

Вие сте малку детинеста личност. Егоцентрични, ранливи и чувствителни. Искрено верувате дека светот се врти околу вас, па постојано го барате вниманието на околината. Најверојатно долго време не ви дозволувале да се искажете, па токму затоа и не се чувствувате како господар на својот живот.

Пеперутка број 6

Вие сте необична личност. Можете да бидете и активни, но и пасивни. Можете да бидете и тажни и среќни, истовремено. Секогаш комуницирате само со оние кои вам ви се најинтересни. Се случува да се грижите дури и за најмалите ситници.

Пеперутка број 7

Немате доверба во луѓето, дури ни во оние што ги познавате, па внимателно се однесувате кон нив. Исто така, знаете лесно да влегувате во големи конфликти. Можеби затоа и луѓето често одлучуваат да се држат подалеку од вас.

Пеперутка број 8

Вие сте многу социјална и комуникативна личност. Секогаш сте спремни за нови контакти. На луѓето покрај вас им е многу пријатно, а и лесно можат да разговараат со вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар