Ноќ на вештерките

Ноќ на вештерките

„Ноќта на вештерките“ е народен празник кој се слави секоја година на 31 октомври. Овој празник влече свои корени од Ирска, каде Келтите биле многу заинтересирани за духовниот свет и за тоа како да имаат поголем пристап до него. Така, често ги имитирале боговите во покажување мудрост и итрина, а исто така и им помагале да ги победат непријателите во битките кои ги воделе.Ноќ на вештеркитеЗборот „Halloween“ потекнува од зборовите All-Hallows-Even, на кои порано, при изговорот, им се додавала буквата „v“ – Hallowe’en. Денес, овој празник најмногу се празнува и слави во Америка и во Канада. Целиот ден е обоен во црна и портокалова боја.

Карактеристично за празнувањето е тоа што семејствата длабат тикви во разни облици, ставаат фенер во вдлабнатината и тиквата ја оставаат пред вратата за време на ноќта. Децата се облекуваат во страшни костими како вештерки, духови, волшебници, костури и со украсена торба во рака одат од куќа до куќа кажувајќи ја познатата реченица: „Trick or treat“ (Да ти направам трик или ќе ми дадеш чоколатце).Ноќ на вештеркитеЕдна од активностите е и бркање јаболка (Apple bobbing), кои се ставаат во големо буре со вода околу кое се собираат неколку деца или возрасни, кои со заби треба да ги извадат јаболката – кој ќе извади повеќе, тој е победник. Исто така, јаболко се закачува и на јаже. Некој стои пред јажето, тоа се турка и со заби треба да се фати јаболкото.Ноќ на вештеркитеJack-o’-lantern е симболичното име на тиквата која се вдлабнува специјално за овој ден.Ноќ на вештеркитеБидејќи празникот е во годишното време есен, кога се берат јаболка, за овој ден се прават зашеќерени јаболчиња кои им се даваат на најмалите во семејството. Исто така, се прават најразлични специјалитети со тиква, како што е најпознатата Pumpkin Pie – пита со тиква.Ноќ на вештеркитеСе верува дека ако на овој ден погледнете во огледало, ќе го видите одразот на вашиот иден сопруг.Ноќ на вештерките


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. Теодора Трповска Reply

    Еве ја мојата тиква за Halloween: http://www.flickr.com/photos/26621093@N02/5132114146/

Остави коментар