Неинспиративни цитати што ќе ги насмеат сите скептици

Интернетот е преплавен со инспиративни цитати што ве охрабруваат да верувате во себе, да целите кон ѕвездите и да го живеете секој ден како да е последен, бидејќи не постои ништо што не би можеле да го направите ако размислувате позитивно. Којзнае, можеби се во право?! Но, доколку вие смачено да ги читате анонимните проповедници на вистина и мудрост, тогаш сигурно ќе ви се допаднат овие неинспиративни цитати за кои има посветено и цел Инстаграм профил. Прочитајте ги следниве иронични реченици што сигурно ќе ги насмеат сите скептици…

Неинспиративни цитати што ќе ги насмеат сите скептици

„Првата работа што треба да ја направите наутро е да се вратите на спиење.“

„Не разговарај со мене додека не го испијам првото кафе, а потоа, те молам сѐ уште не разговарај со мене.“

„Ако не можеш да ме прифатиш во моето најлошо издание, за жал тоа е и моето најдобро издание.“

„Молчењето е безглутенско. Додајте го тоа во вашата диета.“

„Ако вашата нарачка за кафе содржи повеќе од 4 збора, вие сте дел од проблемот.“

„Луѓето кои велат дека ќе дадат 110% од себе, не разберат како функционираат процентите.“

„Одете во сала за вежбање. Направете 500 фотографии. Секој ден објавувајте по една различна. Никогаш повторно не одете во сала за вежбање.“

„На првиот љубовен состанок секогаш прашувајте ’Како се викало твоето милениче од детството?’, во случај работите да тргнат наопаку и да треба да им го хакирате имејлот.“

„Најголемиот проблем кај сингл луѓето е наоѓањето причина за туширање.“

„Немојте да плачете затоа што е готово. Насмејте се затоа што конечно е готово.“

„Секој ден е уште една шанса повторно да ги зезнете работите.“

„Вежбав 1 час и изгубив само 60 минути.“

„Постојат 2 типа луѓе на светот. Ги мразам и двата.“

„Среќата е привремена. Смртта е вечна. Имајте убав викенд.“

„Никогаш не е прерано да се вратите во кревет.“

„Ако никогаш не верувате во себе, никогаш нема да се разочарате.“

„Никому не му е гајле што сте јаделе за ручек.“

„Најдобриот дел од сингл животот е тоа што единствената личност која се разочарува кога ќе се соблечете голи сте вие самите.“

„Моите најдобри пријатели се јаглехидратите.“

„Разбудете се. Мразете сѐ живо. Легнете да спиете. Повторете го истото.“

„Пред да можете да сакате некого, мора да научите како да се сакате себеси, така што нема шанси да се случи тоа.“

„Не постои такво нешто како будење од кошмар, бидејќи самиот живот е кошмар.“

„Никој никогаш нема да стигне ’за 2 минути’.“

„Те молам не ми зборувај додека не испијам 2 шолји кафе и ти не развиеш карактер.“

„Те молам не ми зборувај, освен ако не си нешто за јадење.“

„Ако си поставите недостижни цели, нема да се разочарате кога ќе потфрлите.“

Ви се допаднаа овие урнебесни цитати? Тогаш сигурно ќе ги обожувате и следниве иронични цитати за сите луѓе кои ги мразат инспиративните цитати.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар