Начинот на кој спиете со партнерот зборува за вашата врска

Начинот на кој спиете заедно со вашиот партнер може да каже многу за вас, но и за вашата врска. Одредете го значењето според вашата вообичаена поза.

(1) nachinot-na-koj-spiete-zboruva-za-vashata-vrska-kafepauza.mk

Лажица

Во оваа поза паровите лежат странично, при што партнерите се свртени еден зад друг и се допираат (како прегратка одзади). Овој начин на спиење е вообичаен на почетокот на врските и открива страст и потреба од блискост со партнерот.

Начинот на кој спиете со партнерот зборува за вашата врска

Прегратка како на меден месец

Во оваа поза партнерите лежат странично, свртени кон друг во цврста испреплетена прегратка. Делува многу романтично, но оваа поза покажува дека врската е на самиот почеток. Спиењето во оваа положба всушност е нереално бидејќи ја сопира циркулацијата на крвта во рацете, но партнерите кои вака спијат не можат да се изнаситат еден од друг, па затоа сакаат да се толку блиску дури и кога спијат.

Заштитничка поза

Партнерите спијат на грб, партнерката ја држи главата благо потпрена на градите и рамото на партнерот, а тој ја прегрнува со раката преку нејзиното рамо. Во оваа поза спие парот кој се чувствува пријатно и тоа укажува на долгогодишна и сериозна врска. Во прегратка е најчесто партнерката бидејќи таа е обично пониска, но може да биде и обратно, бидејќи оваа поза може да сугерира и потреба од внимание и кај двајцата партнери.

Начинот на кој спиете со партнерот зборува за вашата врска

Заљубена прегратка

Во оваа поза која потсетува на претходната, машкото лежи на грб, а партнерката странично, притоа свртена кон него. Таа ја потпира нејзината глава на неговите гради и го гали за едната рака. Тој пак ја држи партнерката во голема прегратка, а со другата рака ја држи нејзината. Ова е уште поинтимна поза од претходната и обично ја практикуваат паровите кои обожаваат да се галат, но и да се заштитуваат меѓусебно додека спијат.

Лежерна прегратка

После неколкугодишна врска, ова е омилената поза на многу парови. Оваа поза е многу слична на лажицата, но зафаќа повеќе простор. Двајцата партнери лежат странично, свртени во истата насока, но не се споени, туку помеѓу нив има простор, а машкото лежерно ја држи раката на својата партнерка, ја допира по рамото или по лицето. Оваа поза укажува на интимност во врската, како и на потреба од удобност за да можат партнерите да се наспијат.

Прегратка со нога

Оваа поза им доаѓа на партнерите кога им е многу потребен сон, но сепак сакаат да го задржат контактот со саканиот/та. Двајцата се блиску, едниот партнер може да лежи на грб, а другиот на стомак, со префрлена нога преку нозете на партнерот. Всушност оваа поза може да настане во каква било поза на партнерите сè додека е возможна прегратка со ногата. На овој начин се покажува дека чувствата се силни, но сепак партнерите имаат потреба од сопствен простор за спиење. Се случува и кога заљубените ќе си легнат скарани.

Начинот на кој спиете со партнерот зборува за вашата врска

Обратна лажица

Во овој случај двајцата партнери лежат странично, исто како кај лажицата, со тоа што оној партнер кој вообичаено прегрнува одзади се врти кон другиот со грб барајќи да биде прегрнат. Дополнително оваа поза може да се засили со триење во интимниот дел. Ваквата поза често ја практикуваат жените кои сакаат да добијат прегратка од партнерот, но неретко значи и повик за секс.

Зен стил

Партнерите лежат на страна, свртени еден кон друг со грб и со подвиткани нозе кај колената, благо допирајќи се. Оваа поза ја преферираат партнерите кои сакаат да си имаат свој простор за спиење, но исто така укажува на независна двојка. Допирите се знак дека не отсуствува љубов и привлечност.

Начинот на кој спиете со партнерот зборува за вашата врска

Секој на своја страна

Ова е всушност многу честа поза, бидејќи скоро половина луѓе во текот на спиењето се оттргнуваат од партнерот и се вртат на своја страна, така што нема потреба да се грижите. Во оваа поза партнерите спијат далеку еден од друг без никаков контакт. Во некои случаи, доколку партнерот во текот на спиењето се сврти кон својата страна, може да значи израз на желба за разделба или независност.

На работ на креветот

Ова е многу ретка поза, но вообичаено подразбира дека еден од партнерите спие буквално на работ на креветот. Тоа може да значи две работи, или парот сè уште трага по удобна поза за спиење или се работи за многу креативни личности. Но, истовремено може да укажува и на желба едниот од партнерите да избега или крај на врската.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар