Како се користеа телефоните во 90-тите, а како се користат денес?

Еволуцијата на телефонот од 90-тите до денес е навистина неверојатна од повеќе аспекти. На пример, во 90-тите го користевме телефонот за да им се јавиме на луѓето и да разговараме. Сега речиси воопшто не зборуваме на телефон. Наместо тоа ги користиме социјалните мрежи, праќаме пораки и со часови играме игри – нешто што беше незамисливо пред 30-тина години.

Употребата на телефоните денес наспроти нивната употреба во 90-тите

Денес децата имаат мобилни телефони уште на возраст од 6-7 години, но вие сигурно се сеќавате на вашиот прв мобилен телефон кој веројатно бил од марката Нокиа и сте можеле да скршите глава со него. Откако сте ги премолиле родителите за мобилен, конечно сте го добиле како подарок за 15-тиот роденден. Денес децата не ни мораат да побараат телефон, родителите самите им купуваат и тоа најнови модели. Очигледно е дека работите се сменети, па ајде да направиме споредба меѓу употребата на телефоните во 90-тите и нивната употреба денес…

Телефонски повици

(1) Како се користеа мобилните телефони во 90-тите, а како се користат денес?

Во 90-тите постојано разговаравте на телефон. Одвај чекавте да си дојдете дома од училиште за да разговарате со вашите пријатели со часови. Понекогаш еден повик траеше по неколку часа! Обожававте да разговарате на телефон во 90-тите.

Денес телефонските повици ве плашат и ви создаваат чувство на непријатност. Сега попрво би поминале цел час во допишување преку пораки отколку да потрошите една минута за телефонски повик.

Телефонски шеги

(2) Како се користеа мобилните телефони во 90-тите, а како се користат денес?

Во 90-тите не само што го користевте телефонот за сериозни разговори туку и за еден куп телефонски шеги. Сигурно сте се собирале кај некого дома, сте вртеле на случајни броеви и сте се шегувале со часови.

Денес навистина воопшто не сакате да разговарате на телефон.

Игри на телефон

(3) Како се користеа мобилните телефони во 90-тите, а како се користат денес?

Во 90-тите сигурно сте ја играле играта „Snake“ по цели денови на мобилниот телефон на вашите родители. Којзнае колку време имате потрошено на таа бесцелна игра…

Денес постојано играте „Candy Crush“. Всушност, го правите истото што сте го правеле во 90-тите само што не станува збор за змија на зелен екран, туку за разнобојни бонбони и добра графика.

Начин на договарање

(4) Како се користеа мобилните телефони во 90-тите, а како се користат денес?

Во 90-тите им се јавувавте на пријателите кога сакавте да се договорите за нешто и да направите планови. Ќе заѕвоневте, ќе се договоревте за местото и времето каде што треба да се сретнете и едноставно ќе се најдевте.

Денес ги откажувате плановите 20 минути пред договореното време. Благодарение на пораките, сега можете да ги „откачувате“ пријателите без да се соочите со нив и без да им го чуете гласот.

Улога на телефонот

(5) Како се користеа мобилните телефони во 90-тите, а како се користат денес?

Во 90-тите телефонот служеше за комуникација со луѓето во вашиот живот. Телефоните вршеа само една и единствена функција, а тоа е одржување контакт со луѓето што ги познавате.

Денес телефоните служат за да сурфате на Интернет и да импресионирате луѓе кои воопшто не сте ги ни запознале во живо. Современиот телефон е како прозорец кон светот. Мобилниот телефон повеќе го користите за да „дремете“ на социјалните мрежи отколку за да контактирате со луѓето кои ви значат. Веројатно цело време објавувате твитови и фотографии на Инстаграм за да оставите добар впечаток кај луѓе кои воопшто не ги познавате, наместо да им се јавите и да поразговарате со вашите пријатели.

Рингтон на телефонот

(6) Како се користеа мобилните телефони во 90-тите, а како се користат денес?

Во 90-тите најважното нешто беше да се избере вистинскиот рингтон. Рингтонот претставуваше начин на изразување и беше одраз на вашиот музички вкус.

Денес не ни знаете како ви ѕвони телефонот, а и немате намера да го менувате рингтонот бидејќи и онака ретко ви ѕвони.

Квалитет на телефонот

(7) Како се користеа мобилните телефони во 90-тите, а како се користат денес?

Во 90-тите можевте да кршите ореви со мобилниот телефон. Првите мобилни навистина беа многу цврсти. Првите модели на Нокиа ги нарекувавме „цигли“ и воопшто не се грижевме дали ќе ни паднат. Не се грижевме ни кога насилно ќе ги тресневме од ѕид. Никогаш не се расипуваа.

Денес модерното тенко стакло на нашите смартфони и ајфони може да се скрши ако случајно кивнеме на него. Денешните мобилни телефони навистина бараат внимателна грижа и дефинитивно не се за трапави луѓе!

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар