Гугл одбра: Најдобрите 3 дестинации во светот (според вашите пребарувања)

Гугл одамна игра огромна улога во нашите животи, така што ни открива голем број интересни информации, најнови трендови, како и размислувањата и желбите на луѓето ширум светот. Тој исто така може и да ни открие кои се најчесто пребаруваните туристички дестинации ширум светот. Ако мислевте дека станува збор за Њујорк, Лондон и Париз – грешите! Доколку сакате необично и незаборавно патување, Гугл ви ги предложува следниве неколку градови…

1. Рејкјавик, Исланд

Гугл одбра: Најдобрите 3 дестинации во светот (според вашите пребарувања!)

Рејкјавик е главниот и најголемиот град во Исланд. Најсеверниот град во светот е познат по своите раскошни поларни светлини и сината лагуна. Верувале или не, Исланд станал една од најпопуларните туристички дестинации во 2016 година. Иако првото нешто што ви паѓа на памет кога ќе помислите на ова место е лед, земјата може да понуди многу повеќе од тоа. Толку зеленило и различни нијанси на бои, ретко каде можат да се видат. На Исланд дури нема ни комарци, а според бројни истражувањата таму живеат дел од најсреќните луѓе ширум светот.

Според Гугл, жените на возраст од 25 до 34 години се најзаинтересирани за да го посетат популарниот град Рејкјавик.

2. Хавана, Куба

Гугл одбра: Најдобрите 3 дестинации во светот (според вашите пребарувања!)

На второ место се наоѓа Куба, која е омилена дестинација за многу туристи. Овој град е познат по својата шарена архитектура и автомобилите од 50-тите години, кои често се забележуваат на улиците.

Според Гугл, Куба е најпопуларно место за мажите од 35 го 44 години.

3. Торонто, Канада

Гугл одбра: Најдобрите 3 дестинации во светот (според вашите пребарувања!)

Торонто е најголемиот град во Канада и омилената туристичка дестинација на многу мажи. Кога ќе се земе предвид гастрономската сцена во Торонто, богатата историја и најпопуларниот канадски рапер, Дрејк, не можеме да кажеме дека сме изненадени.

Според Гугл, оваа туристичка дестинација е најпребарувана од мажи на возраст од 25 до 34 години.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар