Еден цел живот на Фејсбук

Еден цел живот на Фејсбук

Се прашувате ли некогаш колку добро Фејсбук ве познава, колку ги познава вашите пријатели, какви сè детали од вашиот живот таму биле откриени, колку пријателства биле склопени и растурени? Ако се собере сè на куп и се премота забрзано напред, дали би добиле реална репрезентација на вашиот живот?Еден цел живот на ФејсбукМаксим Луере добил идеја да го претстави животот на Алекс Дронер (Alex Droner) преку интерфејсот на фејсбук. Алекс Дронер е фиктивен лик, но во него може да се препознае секој од нас.Еден цел живот на ФејсбукМногу кликови, „лајкови“, споделени фотографии, тагови, радосни и тажни статуси…Еден цел живот на Фејсбук

Самиот производ е импресивно видео од помалку од 3 минути, за кое делува дека се потрошени многу часови работа.

Фантастична анимација, динамична музка, многу акција и интеракција… Дали доколку некој го направи ова за вашиот живот, ќе успееме да разбереме толку многу? Доволни ли ќе бидат 3 минути?



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.