40-ти: Години во кои вистинскиот живот започнува!

Жените во 40-тите години… кои се тие? Ранливи, па дури понекогаш и беспомошни. Наивни, полни со доверба, како во 13-тата година. Одамна ја заборавиле незрелата романтика на 15-годишничките, ентузијазмот на 25-годишникчките, рационалноста на оние во 30-тите.

2-chetiriesetti-godini-vo-koi-vistinskiot-zhivot-zapochnuva-www.kafepauza.mk_

Нов свет

Тие виделе многу. Понекогаш ги затворале очите. А потоа ги отворале и забележувале нов свет, нови личности во огледалото, нов живот. Тие повторно веруваат во подобро, бидејќи на нив „најлошото“ најчесто веќе им се случило. Тие го добиваат најдоброто, бидејќи се способни да го видат доброто онаму каде што другите и не го забележуваат. Имаат изострен поглед, чувствителен слух и нежни раце. Се држат до она што е најдобро за нив.

Тие се убави. Не се само симпатични. Тие се неверојатно убави, затоа што станале свесни дека имаат убаво, здраво и корисно тело. Тие научиле да го сакаат своето тело, така што секој е привлечен од нив.

Тие ја знаат тајната на животот!

Доста им е од приказните за „милиони“, „кариери“ и „општествени статуси“. Тие сега точно знаат дека она што е најважно не е истото што се покажува на телевизија, што го пишува на Интернет или на статусите на социјалните мрежи. Важното во животот е самиот живот: Неговиот вкус, боја, ритам, мирис, способноста за секојдневно радување…

Одамна ги заборавиле несоодветните фрази, тактиките на заведување и подготвувањето на фустанот за излегување. Повеќе не се во фаза на „активно барање“, бидејќи веќе го пронашле она што им било потребно сите овие години – себе, вистинското себе.

И се покажало дека се такви – вистински, доста интересни и занимливи на сите. Па, скоро на сите.

1-chetiriesetti-godini-vo-koi-vistinskiot-zhivot-zapochnuva-www.kafepauza.mk_

Тие повторно можат гласно да плачат и да се смеат. Веќе престанале да го носат „оклопот“ на општествените норми за однесување, забрани и дозволи. Тие не го сакаат она време кога требало исправено да ги држат рамениците и главата, без разлика што и да се случи, времето кога се смееле, а им се плачело и времето кога тивко кимнувале со главата кога сакале да возвратат со спротивставено мислење.

Престанале да се воздржуваат, излегле на слобода – живи, сигурни, беспрекорни! Тие живеат исто како што и дишат: Силно, потоа тивко, а потоа нежно, едвај чујно, потоа забрзано и невнимателно. Дишат во ритамот на животот.

Конечно, во 40-тите години тие успеваат да живеат во исто време со животот!

Жените о 40-тите години не се тетки! Тие носат подолги здолништа, бидејќи се елегантни и женствени. Но, тие носат и кратки здолништа, и фармерки и бижутерија – бидејќи така им е удобно. Нема потреба да се докажуваат. Важно им е тоа да им се допаѓа.

Portrait of cute young business woman

Секогаш на време

Тие не сакаат да знаат за „модата“ и „трендот на оваа сезона“. Сакаат да бидат убави за себе. Тие се тренд сами за себе. Жените во 40-тите години престануваат да ги бројат калориите затоа што љубовта, интересот, движењето, виталноста и инспирацијата помагаат многу повеќе од фитнес центарот и пластичниот хирург.

Па да, токму тоа е причината зошто станале толку убави.

Тие знаат да ја ценат секоја минута, секаде доаѓаат на време, никаде не доцнат, бидејќи никогаш не брзаат.

Тие постигнуваат. Тие се борат. Тие едноставно – живеат.

И точно знаат дека дури и по 40 години од сега – ќе бидат уште поинтересни!

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар