6-те одлики на духовните учители

Духовно разбудените луѓе, или духовните учители, се луѓето кои успеале да се издигнат над материјализмот и физичките задоволства. Овие луѓе се овде да нè подготват за битките кои ќе се случат и во нас и надвор од нас. Тие се овде за да нè научат на законите и принципите на универзумот. Овие луѓе се спасителите и лекувачите на овој свет.

6-te-odliki-na-duhovnite-uchiteli-kafepauza.mk

Новите генерации го прославија стариот санскритски збор „гуру“ кој означува „личност која се разбудила“. Духовното будење нема ништо со возраста, односно не постои одредена возраст на која можете да се разбудите. Ова будење може да ви се случи во секој дел од животот. Ако вашиот животен пат се вкрсти со ваква личност, ќе ги забележите следниве одлики.

1. Не се приврзани

Овие луѓе добро знаат дека сè е привремено. Тие не трошат време за материјални добра или пари, ниту пак се обидуваат да изгледаат поубаво. Тие ги разубавуваат својата душа и своето срце. Штом ќе го сфатите ова, и вие ќе почнете повеќе да се фокусирате на вашата душа и ќе ја насочувате вашата енергија кон работите кои се навистина значајни.

2. Тие се поврзани со природата

Духовно разбудените луѓе се длабоко поврзани со планетата и сите аспекти на природата. Тие знаат дека не ја поседуваат земјата и дека таа не им должи ништо. Тие го почитуваат и го ценат секој дел од природата бидејќи знаат дека таа е нивниот дом.

3. Не ги судат луѓето

Тие знаат како е да се биде на ваше место, и тие биле таму. Тие никогаш нема да ве судат за вашата облека, за вашата духовност ниту пак за зборовите кои ги користите. Тие знаат дека ќе станете подобра личност. Тие се свесни дека вие сте различни и дека војувате своја битка.

4. Учењето на другите им доаѓа само од себе

Нивниот живот може многу да ве научи. Доволно е само да го набљудувате. Додека многу луѓе имаат тешкотии да ги научат другите на нешто, овие гуруа го прават тоа многу лесно. Тие точно знаат што да кажат и кога да кажат. Нивите зборови се секогаш јасни и имаат моќ да ве натераат да станете подобра личност.

5. Тие се чувствителни, но не реагираат

Чувствата можат да ве преплават и да ја преземат вашата контрола. Овие луѓе иако чувствуваат сè, не дозволуваат нивните емоции да владеат со нив. Тие секогаш ќе знаат како се чувствувате, но никогаш нема да реагираат на тоа.

6. Тие се дефиниција за безусловна љубов

Навистина е тешко да го сакате секој, но овие луѓе го совладале тоа. Тие веруваат дека сите сме едно, и без разлика колку е тешко, тие секогаш нудат безусловна љубов. Бесот и омразата не допираат до нив. Ако сакате да ја сфатите безусловната љубов, само гледајте го однесувањето на некој гуру.

Погледнете ги и овие мудри совети од познатиот гуру Ошо кои ќе ја разбудат вашата свест.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар