13 работи кои барем еднаш сте ги направиле на Инстаграм

Едноставно сте во состојба да направите сè за да имате инспиративен Инстаграм профил. Па затоа, можеме да потврдиме дека хаштагот #инстаграмџии редовно се наоѓа на вашите фотографии и објавувате по нешто скоро секој ден за да го задржите текот. Во продолжение издвоивме 13 ситуации во кои можат да се пронајдат само вистинските инстаграмџии!

1-13-raboti-koi-barem-ednash-ste-gi-napravile-na-instagram-www.kafepauza.mk_

1. Сигурни сме дека барем еднаш сте се обиделе да направите фотографија, најверојатно со 48 обиди, сè додека не успеете да го фотографирате вистинскиот агол/позиција/осветлување. Дури и повеќе од тоа, во состојба сте да побарате вашата најдобра другарка да ве фотографира барем половина час (во иста позиција), бидејќи совршената објава вреди за тоа.

2. Најверојатно ви се случило да чекате во редица, без разлика на гужвата, за да купите совршено сервирана храна која добро излегува на фотографии. Кроасанот, сладоледот или вафлите што се служат на другата страна од градот не претставуваат никаков проблем за вас.

3. Секогаш барате од пријателите да почекаат десетина минути, пред да започнете да јадете. Не постои поголема тензија помеѓу вас и вашите пријатели, кога сите сте гладни, но сепак морате прво да ја завршите задачата – а тоа е фотографирање на неделниот ручек.

4. Често им праќате порака на вашите пријатели која гласи: „Која фотографија да ја објавам?“ Им давате три опции, иако веќе сте одлучиле. Всушност, вие го поставувате прашањето за да добиете потврден одговор и да се осигурите дека сте направиле добар избор.

5. Долго време ја држите шолјата кафе во рака, во доста неудобна положба. Се фокусирате на шолјата додека во истиот момент го покажувате вашиот маникир и позадината, која би требало да биде дел од уметничка форма.

2-13-raboti-koi-barem-ednash-ste-gi-napravile-na-instagram-www.kafepauza.mk_

6. Сакате да правите промени на вашите лични фотографии. Ништо не ги надминува вашите способности за обработка и разубавување на направените дела, како и користење на најдобрите филтри.

7. Постојано ѝ се јавувате на вашата најдобра другарка за да ви ги испрати фотографиите од синоќешното излегување. Навистина, колку ѝ е потребно да ги одбере и да ги прати?

8. Ја прашувате вашата мајка за фотографиите #TB (throwback – навраќање на минатото). Најверојатно пред четврток за да се вклопи со вашиот Фејсбук профил, и за другите да на забележат дека не се сите фотографии фотографирани баш во тој момент.

9. Имате точно 8 апликации за уредување на фотографиите. VSCO е одлична за осветлување, но PicShop ви помага тогаш кога треба да отстраните некоја акна или неправилност на лицето. Исто така имате Whitegram и 3 апликации за споделување на фотографиите.

10. Кога нешто ви се допаѓа, реагирате во истиот момент и го фотографите – дури и кога ве болат прстите. Спремни сте дури и да прекинете со тоа што го правите во моментот, само за да овековечите на слика нешто што ви го одвлекло вниманието и да го споделите истото со светот.

4-13-raboti-koi-barem-ednash-ste-gi-napravile-na-instagram-www.kafepauza.mk_

11. Ја бришете фотографијата која не се совпаѓа со вашата идеја за естетика. Сите знаат дека вие избирате омилен филтер и го користите само него, или пак не користите филтри воопшто.

12. Ќе чекате сè до 10 часот наутро или до 5 попладне за да ја објавите вашата омилена фотографија. Исто така, вие веќе на Гугл пребарувачот сте побарале: „Кое е најдоброто време за да објавам фотографија на Инстаграм“. Бидејќи тоа е стратегија…

13. Вие ги освежувате вашите објави на почетната страница и гледате како лајковите растат. Дури и кога фотографијата нема да помине многу добро, не се грижите многу, бидејќи со следната ќе се вратите пак назад!

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар