12 приказни од секојдневниот живот на зависници од работа

12 приказни од секојдневниот живот на зависници од работа

Некои луѓе се будат наутро за да посетат некоја од локалните плажи, додека другите се заглавени во метежот кон работното место. Некои луѓе си објавуваат фотографии од костими за капење, додека повеќето ги пеглаат своите кошули за на работа.

12-prikazni-od-sekojdnevniot-zhivot-na-zavisnici-od-rabota-kafepauza.mk

Некои луѓе се среќни и уживаат во морето и сонцето, додека другите лутаат низ бетонската џунгла. Но како навистина изгледа животот на оние што постојано работат? Погледнете неколку вистински приказни од луѓе кои се зависни од работа.

„Една од моите одговорности на работното место е доделување ваучери за здравствено одморалиште. Секогаш се обидувам да ги доделам ваучерите на постари дами и господа кои се сами во истиот период, за да можат да се запознаат на нивниот одмор. Секогаш кога ќе се роди нова љубов на овие места, тие доаѓаат и ми носат разни подароци во знак на благодарност. Се чувствувам како да работам во агенција за наоѓање љубов.“

„Јас сум личност која ја сака својата работа. Одам на работа со насмевка, читам разговори од работното место за време на викенд, секогаш сум во контакт со моите вработени и можам да разговарам за работата со часови. Понекогаш морам да ги лажам моите пријатели дека ми е смачено од работата за да не помислат дека сум луд.“

„Неодамна станав оптичар, личност која им помага на луѓето да ги одберат своите очила и леќи. Сфатив дека ова е тоа што сакам да го работам целиот живот. Не можам да ви ги опишам чувствата кога ќе видам како моите клиенти се радуваат бидејќи можат да гледаат! Тие гледаат работи кои пред тоа не можеле! Чувствувам некаква еуфорија! Таа еуфорија е поради тоа што сум подобрила нечиј живот. Живот на човек што не го ни познавам.“

„Јас работам со Кинези, и секогаш сум изненаден од нивната зависност од работа. Неодамна разговарав со една Кинескиња и дента се чувме најмалку 5 пати. Разговараме за некој договор, а нејзината канцеларија беше премногу бучна. Покрај тоа, незнаењето на јазикот предизвика и други компликации. Ја прашав од каде доаѓа толкава врева, а таа ми кажа дека била на свадба. На кинеските свадби секогаш има од 500 до 1.000 гости. Ја замолив да најде потивко место за да можеме да се разбереме, а таа ми кажа дека не може бидејќи таа била невестата.“

„Работам во оддел за снабдување. Јас ги обезбедувам материјалите за градење. Еднаш работев со една жена која беше бремена. Таа беше директор на нејзиниот мал бизнис, а ние бевме гиганти во бизнисот за конструкција, па таа не можеше да нè остави без нејзина контрола. Еднаш ѝ се јавив и ја прашав како е, а таа ми рече дека се пораѓала, но подоцна ќе одговорела на моето барање.“

„Јас сум наставник по математика. Еднаш бев толку окупиран со работа што кога ќерка ми почна да биде непослушна, ѝ реков самата да се наклевети на мајка си.“

„Го сменив работното место, и новото се наоѓаше во близина на старото. Во текот на првите неколку недели, два пати отидов на старото работно место, ги вклучив опремата и светлата, си направив кафе и ја сменив облеката. Дури тогаш сфатив дека сум на погрешно место. Доцнев за на работа два пати во три недели, а новиот шеф се шегуваше со мене и ми велеше да ја преместиме работилницата таму.“

„Мојата сестра е зависник од работа. Таа буквално ја поминува секоја ноќ работејќи. Неодамна таа ми рече дека живее во две состојби: „Леле наскоро ќе ми дадат отказ!“ и „Леле, кога конечно ќе ми дадат отказ?!“

„Откако го сменив работното место, немам земено одмор. Сонувам за него постојано, дури правам и планови, но никогаш не ги остварувам. Причината за ова е тоа што мојот бонус за одморот е премногу мал за да можам да си овозможам сè што ми е потребно до наредната плата. Мојот одмор е следен: Отворам Google Maps и талкам по улиците на некој град, или пак гледам фотографии од некој океан. Си замислувам дека навистина сум таму.“

„Разговарав со мојот колега на работното место. Тој почна да се подготвува за заминување. Си ја спакува чантата, го исклучи компјутерот и ја правеше целата вообичаена процедура пред заминување додека разговаравме. Се поздрави со колегите, а автоматски и јас го направив тоа. Заедно ја напуштивме зградата и отидовме на метро станицата. Дури тогаш сфатив дека не го исклучив компјутерот, си го заборавив палтото и сакав да работам до доцна тој ден.“

„Сфатив дека премногу работам кога се разбудив една вечер и помислив дека сум заспал на масата во канцеларијата. Си помислив дека е доцна и дека треба да си одам дома. Почнав да се облекувам и додека си ги облекував чевлите сфатив дека сум дома. Навистина ми е потребен одмор.“

„Се вратив од работа смртно изморена. Влегов да се туширам, кога наеднаш почувствував дека ми паѓаат градите! Веднаш ги фатив со рацете и забележав дека сум заборавила да го соблечам градникот кој од водата почнал да се лизга надолу. Морам да најдам нова работа.“

Прочитајте ги и овие засрамувачки исповеди од интервјуа за работа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар