10 најсмртоносни болести во историјата

Во минатото постоеле многу болести кои брзо се ширеле и биле причина за смртност кај многу луѓе. И покрај големиот напредок на медицината од тогаш па до денес, сепак, некои од овие болести продолжуваат да одземаат многу човечки животи. Погледнете кои биле најсмртоносните болести во историјата, а некои од нив се задржани и до ден денес.

10 најсмртоносни болести во историјата

1. Сипаници

Од оваа заразна болест умреле милиони луѓе. Само во дваесеттиот век умреле 400 милиони, а по откривањето на вакцините и модерните лекови, сипаниците речиси биле искоренети. Потребно е директен и доволно долг контакт со заразеното лице, за сипаниците да се пренесат од една на друга личност. Тие исто така може да се пренесуваат и преку директен контакт со заразениот или со користење на заедничка постелнина или облека. Сипаниците поретко се пренесувале преку воздухот во затворен простор како што се зградите, автобусите и возовите. Личноста која има сипаници станува преносител на заразата кога ќе има покачена температура, но најмногу кога ќе се појават меурчињата. Во оваа фаза, заразената личност е многу болна и не е во состојба да се движи и да извршува какви било активности.

2. Маларија

Маларијата предизвикува отекување на мозокот, невролошки напади и кома. Паразитите ја пренесуваат со нивното каснување, а најчесто се среќава во тропските области. Секоја минута во светот умира по едно дете поради маларијата, а секоја година се заболуваат помеѓу 300 и 500 милиони луѓе, а од нив умираат милиони годишно. Нејзините симптоми вклучуваат треска, потење, главоболка, болки во мускулите, гадење и повраќање. Симптомите понекогаш може да се повторуваат во интервал од 48 до 72 часа, во зависност од тоа со кој паразит е заразена личноста и колку долго.

3. Туберкулоза

Оваа бактериска болест некогаш била главен убиец во минатото, но истата се среќава и денес. Имено, само во 2012 година околу 1,3 милиони луѓе починале од неа, додека пак биле пријавени околу 8,5 милиони случаи на инфекција во светот, најчесто во помалку развиените земји. Болеста може да се развие во рок од неколку недели од примарната инфекција, а може да поминат и години пред да се случи тоа. Децата, постарите и оние со намален имунитет (на пример лицата со СИДА, пациентите на хемотерапија и слични случаи) имаат поголем ризик од брз развој на оваа болест.

4. ХИВ

Ова е вирус што го напаѓа имунолошкиот систем, па организмот не е во состојба да се брани ниту од најмалите инфекции. Се претпоставува дека денес во светот живеат околу 35 милиони луѓе со ХИВ, а секоја година како последица од оваа болест умираат околу 1,5 милиони луѓе. СИДА пак претставува последната и најтешката фаза на ХИВ инфекцијата, кога имунолошкиот систем е толку слаб, при што и една обична настинка може да доведе до фатални последици. Така, ХИВ позитивната личност е заразена со ХИВ, но тоа не значи дека истата има и СИДА. ХИВ позитивната личност не може да се препознае затоа што може да изгледа сосема здраво и да биде способна за работа или за каква било друга активност. Таа личност може и да не знае дека во себе го носи вирусот, резултирајќи да живее долго време без симптоми.

5. Тифус

Бактериската болест тифус само во Русија убила три милиони луѓе во рок од неколку години на почетокот на дваесеттиот век. И денес истата е присутна и тоа најчесто во областите на светот каде што се загрозени изворите на вода за пиење или постои нејзин недостаток. Исто така оваа болест се нарекува и „болест на нечисти раце.“ Тифусот се карактеризира со постепено зголемување на температурата, болки во стомакот, брадикардија (пулс под 50 отчукувања во минута), а доколку не се лекува, може да доведе и до смрт. Во доцните стадиуми на болеста, кога оштетувањето на цревата е најизразено, може да се појави дијареја, а столицата може да содржи и крв. Кај околу 2% од заболените, во третата недела доаѓа до тешко крвавење, со смртност од околу 25%. Пневмонија може да се развие во втората или третата недела.

10 најсмртоносни болести во историјата

6. Рак

Научниците пронашле траги од оваа болест дури и на ребрата на неандерталците. Денес ракот се наведува како причина за смрт на околу 7,6 милиони луѓе на годишно ниво во светот, а неговата појава е во постојан пораст. Знаците кои укажуваат на рак честопати е тешко да се откријат, бидејќи може да бидат многу мали, а луѓето ги воочуваат кога е премногу доцна. Имено, во многу случаи заболената личност се чувствува добро, дури и кога лекарите ќе ја постават вистинската дијагноза. Со оглед на тоа на кој дел од телото се развива, ракот може да се изразува на различни начини. За конечна дијагноза е потребна микроскопска анализа на ткивото добиено со биопсија. Кога еднаш ќе биде поставена дијагнозата, терапијата најчесто се состои од хируршки операции, хемотерапии и зрачење. Доколку не се лекува, повеќето форми на рак предизвикуваат смрт.

7. Чума

Една од најпознатите заразни болести кои брзо се шират кај човечките раси, била токму чумата, болест која се нарекува и црна смрт. Таа е позната како болест уште од далечното минато, кога епидемиите и пандемиите предизвикувале масовни убиства на населението на сите континенти, освен Австралија. Чумата најмногу се среќавала во Азија (Индија, Виетнам, Кина), Африка (Конго, Зимбабве, Уганда и други) и Јужна Америка (Перу). Инфекцијата се пренесува од заразените животни на луѓето преку директен контакт и инхалација. Оваа болест е особено смртоносна, затоа што од неа умираат околу 70% од жртвите.

8. Шпанска треска

Во краток период од 1918 до 1919 година, од оваа заразна болест умреле од 50 до 60 милиони луѓе, што претставува поголем број жртви отколку оние кои загинале во Првата светска војна. Жртвите на оваа болест страдале многу. Неколку часа по чувствувањето на првите симптоми се појавувал замор, треска и главоболка, а жртвите станувале сини. Во некои случаи таа боја била толку изразена, што било тешко да се одреди вистинската боја на кожа на пациентот. Шпанската треска го погодила светот толку брзо, што жртвите починувале во рок од само неколку часови по чувствувањето на првите симптоми. Некои умреле по еден или два дена откако сфатиле дека се болни. Луѓето ширум светот биле исплашени, а во некои градови на сите им било наредено да носат маски. Плукањето и кашлањето во јавноста било забрането, училиштата биле затворени, а биле ограничувани и масовните собири.

9. Мозочен удар

Мозочниот удар припаѓа во категоријата на церебрално-васкуларна болест, а и сѐ почесто е присутна во модерно време. Само во САД ова е причина за смртност на повеќе од 140.000 луѓе годишно. Мозочниот удар може да настане како резултат на исхемија (недостаток на проток на крв), блокада (тромбоза и слично) или поради крвавење. Кај некои луѓе може да се појави привремен прекин на протокот на крв низ мозокот (акутен исхемичен напад), кој најчесто трае околу пет минути. Најчестите симптоми на мозочен удар вклучуваат ненадејна вртоглавица, губење рамнотежа, збунетост, отежнато зборување, парализа или вкочанетост на лицето, рацете или нозете, проблеми со видот, главоболка и други.

10. Мали сипаници

Иако денес не се сметаат како болест опасна по животот на многу луѓе, сепак, малите сипаници биле голем здравствен проблем особено кај домородците во областа на САД, каде што болеста била донесена од страна на европските колонизатори. Затоа што немале развиен имунитет на мали сипаници, оваа заразна болест убила милиони луѓе. Прв пат била дијагностицирана од страна на некој арапски лекар во деветтиот век.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар