13 книги за жени, напишани од жени, кои треба да ги прочитате оваа пролет

13 книги за жени, напишани од жени, кои треба да ги прочитате оваа пролет

Со сите книги кои се најавени за оваа пролет, сигурно се прашувате себеси: „Од каде да почнам?“ Доколку немате идеја што прво да прочитате, во продолжение разгледајте ја листата на најдобрите книги напишани од највештите женски литерати и автори на денешницата, кои се закажани да се издадат оваа пролет. Романса, трилер, драма, мистерија… застапени се сите литературни жанрови и сечиј вкус ќе биде задоволен. Среќно читање!

1. Таму некаде – Ејми Хатвани (Somewhere Out There)

13 книги за жени, напишани од жени, кои треба да ги прочитате оваа пролет

Напуштени уште кога биле мали, сестрите Натали и Брук се разделени и принудени да живеат во различни домови. Натали Кларк живее во добро семејство, додека Брук Вокер е одгледана во дом за сираци, ослонувајќи се на себеси за да преживее. 35 години подоцна, двете сестри повторно се сретнуваат, но дали ќе успеат да изградат добар однос и покрај нивното различно воспитување? Ејми Хатвани им претставува на читателите една контроверзна приказна за тоа како влијаат и како нè дефинираат искуствата кои ги поминуваме како деца, врз нашиот живот кога сме возрасни.

2. Купохоличарка на спасувачка мисија – Софи Кинсела (Shopaholic to the Rescue)

13 книги за жени, напишани од жени, кои треба да ги прочитате оваа пролет

Таткото на Беки Брендон заминал на мистериозна потрага со сопругот на нејзината најдобра пријателка и исчезнал, оставајќи ги мајка ѝ на Беки и пријателката Сузи во очај. Одлучна да ги пронајде исчезнатите мажи и да им помогне на двете најважни жени во нејзиниот живот, Беки мора да се соочи со нејзиниот најголем непријател и да го соедини целото семејство. Резултатот: Најлудата и највозбудливата авантура на Беки досега.

3. Губејќи ја светлината – Андреа Дунлоп (Losing the Light)

13 книги за жени, напишани од жени, кои треба да ги прочитате оваа пролет

Кога неочекувано ќе се сретне со еден човек од нејзиното минато, 30-годушнта Брук Томпсон се враќа во времето кога го поминала летото во Франција, лето кое се обидувала со години да го заборави. Тоа било време кога Брук била добра пријателка со Софи, убава девојка која ја криела својата емоционална нестабилност, и кога тоа пријателство се променило засекогаш во оној момент кога двете се заплеткале со Вероника и Алекс. Станува збор за приказна за уметноста, парите и декаденцијата, во која на крајот само еден ќе си оди дома.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар