Најдобрите песни од Линкин Парк што добија сосема ново значење по трагичната смрт на Честер Бенингтон - Part 2

Најдобрите песни од Линкин Парк што добија сосема ново значење по трагичната смрт на Честер Бенингтон

6. „Easier To Run“

Понекогаш полесно е бегството од соочувањето со болката. Токму тоа го открива оваа моќна песна. Лошите сеќавања од минатото ги поттикнуваат луѓето да останат во место и да не одат напред, само за да не создадат свое болно минато.

7. „In The End“

Текстот на песнава се родил од една вежба за слободно пишување што ја направил Честер. Тој го напишал текстот без музика и без ритам. На Мајк Шинода и Дон Гилмор многу им се допаднал и решиле дека ќе ги претворат зборовите на Честер во песна.

8. „Waiting For The End“

Во оваа песна Честер ни кажува дека го чека крајот и дека посакува да има сила за да се избори, но нештата се надвор од негова контрола. Мислите му се мотаат низ глава со брзина на светлината, но зборовите не излегуваат од уста. Можеби и вие некогаш сте посакале да го замените вашиот живот со друг. Текстовите на Честер навистина знаат да погодат во срж!

9. „Be Myself“

Оваа песна најпрво било снимена под демо името „Sad“ во 1999 година. Текстот опишува човек кој воопшто нема самодоверба, а се обрнува внимание и на проблемите со дрога. Недостатокот на самодоверба и зависноста од дрога се проблемите со кои и Честер се соочувал во текот на неговиот живот.

10. „Crawling“

Бенингтон има изјавено дека ова е песната што му била најтешка за изведба во живо. Тој исто така открил дека неговиот живот се распаѓал во периодот кога ја пишувал песнава, поминувал низ развод и тонел во алкохол и дрога. Честер се чувствувал како да нема контрола врз себе кога станува збор за пороците. Неговата способност да пишува и да пее за тоа му донела многу награди и пари. Но, тој предупредува дека не е забавно да се биде алкохоличар, забавно е да се помине процесот на заздравување.

11. „Hunger Strike“

За разлика од претходните песни, „Hunger Strike“ била напишана од страна на блискиот пријател на Честер и главниот вокал на Саундгарден, Крис Корнел кој исто така се самоуби оваа година и кој ќе наполнеше 53 години на 20-ти јули 2017 година, дента кога почина Бенингтон. Летото 2008 година, Честер и Крис биле на турнеа заедно каде што ја отпеале „Hunger Strike“ и го исполниле амфитеатарот во Атланта со невидена трагична убавина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар