Дознајте кои сте биле во претходниот живот според вашиот датум на раѓање

Дознајте кои сте биле во претходниот живот според вашиот датум на раѓање

12-29 ФЕВРУАРИ

20-31 АВГУСТ

Омилен крал и владетел

Никогаш не сте го сакале насилството. Секогаш сте биле тактични и благодарение на вашата нежност сте успеале да освоите многу срца. Меѓутоа, многу често сте имале проблеми предизвикани од љубомората на вашите непријатели. Денес, вие сте многу чувствителни и се лутите кога некој се меша во вашиот приватен живот. Се плашите од осаменост и изолација. Немате доверба во саканата личност и имате многу тежок карактер. Не ги покажувате вашите емоции.

20-8 МАЈ

12-19 АВГУСТ

Немилосрден освојувач

Вашите најнагласени карактерни особини од претходниот живот биле ненаситноста и желбата да ја наметнете вашата волја. Сте имале голем број непријатели. Секогаш сте биле немилосрдни кон луѓето кои застанувале на патот до вашата цел. Во овој живот, мразите авторитети и доминантни луѓе. Во љубовта, вие сте многу љубоморни, но секогаш сте подготвени да дадете сѐ за личноста која ве восхитува со нејзината љубов и емоции.

9-27 МАЈ

29-13 ЈУЛИ

Мудрец

Многу добро сте знаеле дека славата е меч со две острици. Вие сте биле строги кон себе и не сте си дозволувале да правите грешки. Сте сфатиле дека смртта не е само физичко, туку и духовно искуство. Во сегашниот живот, немате голема доверба во луѓето. Вие сте авторитативни луѓе со добра репутација. Не ги поднесувате површните разговори. Пријателството претставува нешто свето за вас и многу сте лојални. Во љубовниот живот, барате вистина, нежност и романтика.

Дознајте кои сте биле во претходниот живот според вашиот датум на раѓање

11-31 МАРТ

18-29 ОКТОМВРИ

19-31 ДЕКЕМВРИ

Голем говорник

Вие сте биле паметни стратези со големи говорни способности. Ваша слабост била вашата романтична страна и нежното срце. Сте ја доживеале љубовта со телото и душата, но повеќе сте дале одошто сте добиле. Не е никакво изненадување тоа што сте станале одмаздољубиви откако ви го скршиле срцето. Во сегашниот живот, сѐ уште сте добри говорници и сакате да остварувате стабилни врски со луѓето. Не ги поднесувате злобните поединци. Подготвени сте да дадете сѐ за пријателството и вашите пријатели секогаш можат да сметаат на вас. Во љубовта, постојано се сомневате во вашите партнери и многу сте љубоморни.

28-18 ЈУНИ

28-2 ОКТОМВРИ

Авантурист со нежно срце

Според вас, смислата на животот се криела во тоа да откривате непознати места. Сте имале многу љубопитна природа со бујна фантазија и постојано сте се обидувале да ја згаснете вашата жед за авантура. Сте сакале да научите многу странски јазици и да посетите неоткриени места. Сега, вие сте многу независни и имате разни интереси. И понатаму настојувате да откривате нови хоризонти и не сакате да останете заглавени на едно место. Во љубовта ја барате вашата сродна душа.

1-19 АПРИЛ

8-17 НОЕМВРИ

Популарен бунтовник

Вие постојано сте сакале да откривате некакви мистерии. Сте имале големи јасновидни моќи и сте можеле да правите магии. Многу сте биле дружељубиви. Вашата љубов кон другите била повеќе духовна отколку физичка. Во сегашниот живот, вие поседувате голем авторитет и имате критички ум. Многу ги цените чувствителните и мудрите луѓе. Вие сте одлични психолози и брзо го откривате она што другите се обидуваат да го скријат од вас. Во љубовта давате сѐ, а истото го очекувате и од вашиот партнер.

1-7 ЈАНУАРИ

19-28 ЈУНИ

1-7 СЕПТЕМВРИ

18-26 НОЕМВРИ

Брилијантен интелектуалец

Вашите главни квалитети биле искреноста и интелигенцијата. Сте имале многу љубоморни непријатели поради вашиот брилијантен ум. Вашите пророчки визии биле длабоко поврзани со вашата интуиција. Постојано сте копнееле по нови знаења и откритија. Во овој живот, чувствувате должност кон луѓето. Имате многу позитивни особини. Сега, вашата интелигенција е уште поголема и секогаш се обидувате да ги истражите длабочините на вашата душа. Вашето мото гласи: „Сакам да ги откријам корените на сите тајни“.

Во продолжение откријте го бројот на својот кармички број научете за што сте испратени на овој свет.