10 суштества кои докажуваат дека супермоќите навистина постојат во реалноста - Part 2

10 суштества кои докажуваат дека супермоќите навистина постојат во реалноста

6. Октопод имитатор

10 суштества кои докажуваат дека супермоќите навистина постојат во реалноста

Овој октопод може да ги имитира сите видови животни околу него. Тој не само што може да ја промени бојата на кожата и текстурата за да се претопи со околината, туку може и да го копира типичното однесување и облик на различни предмети и животни.

7. Клунар

10 суштества кои докажуваат дека супермоќите навистина постојат во реалноста

Ова необично животно со клун како на патка, опашка како на дабар и стапала како на видра, е единствениот цицач кој несе јајца наместо да ги раѓа малечките. Клунарите имаат 6-то сетило, електролокација, што им овозможува да ги почувствуваат електрични сигнали. Тие можат да препознаат и лоцираат различни нивоа и движења на одредено електрично поле и да го одбегнат неговиот извор, како на пример ајкула. Потоа, тие само си отпливуваат пред да бидат забележани.

8. Бубачки листојади

10 суштества кои докажуваат дека супермоќите навистина постојат во реалноста

Ларвите на овој инсект го нашле најодвратниот начин за да се одбранат. Тие се покриваат со нивниот сопствен измет за да не бидат изедени! Каква супермоќ!

9. Болва

10 суштества кои докажуваат дека супермоќите навистина постојат во реалноста

Нивните нозе се совршени за скокање. Болвата може да скокне до 18 центиметри во висина и до 33 центиметри во должина, што значи дека болвата ги поставува рекордите за скокање во светот на животните (со оглед на големината на телото).

10. Австралиска птица лира

10 суштества кои докажуваат дека супермоќите навистина постојат во реалноста

Познато е дека некои птици можат да имитираат најразлични звуци, но оваа може да ги имитира речиси сите звуци на светов: Моторна пила, против пожарен аларм, па дури и возови. Ова е интересна замена за папагалите што зборуваат!

БОНУС: Кордицепс – габа која создава зомбиња

10 суштества кои докажуваат дека супермоќите навистина постојат во реалноста

Оваа печурка има бизарна способност да расте внатре во телата на инсектите. Нејзините спори го напаѓаат инсектот (гасеница, пајак или мравка), го заменуваат ткивото на домаќинот со сопственото и потоа го полнат со корени кои растат надвор од телото. Дотогаш, ткивото на инсектот ќе биде целосно заменето со она на габата. Со други зборови, тоа повеќе нема да биде мравка, туку кордицепс со форма на мравка. Звучи како вистинска зомби апокалипса!

Никогаш немојте да ја потценувате мајката природа. Тешко е да се поверува за што сѐ се способни овие суштества. Нивните моќи можат да предизвикаат љубомора кај сите научно фантастични суперхерои!

Погледнете ги и следниве 10 чудни суштества кои навистина живеат на оваа планета.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар