ТВ серија: Легија (Legion)

Дијагностициран параноичен шизофреничар открива дека има вистина зад гласовите што ги слуша и визиите што ги гледа

(1) ТВ серија: Легија (Legion)Главни улоги: Ден Стивенс, Џин Смарт, Мекензи Греј

Жанр: драма, акција, научна фантастика

Креатори: Ноа Хјули, Стен Ли

Премиера: 8 февруари 2017

Број на сезони: 1

Времетраење: 60 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (5 гласа, просек: 9.80 од 10)

Loading...Loading...

Во последниве неколку декади владее чудна фасцинација кај публиката за развивање натприродни моќи во рамките на човештвото, па затоа и постојано имаме можност да гледаме различни ТВ серии и филмови со оваа содржина. Особено кога станува збор за некакви видови телепатии и телекинези, луѓето како да не можат да се изнагледаат, посакувајќи и тие самите да искусат нешто вакво.

(4) ТВ серија: Легија (Legion) (6) ТВ серија: Легија (Legion)

Иако во „Легија“ не станува збор за оригинална приказна, сепак добриот избор на актери и примамливото темпо на раскажување една од најпопуларните научно фантастични теми ќе ви го задржат вниманието и ќе ве натераат веднаш да ја пуштите следната епизода за да дознаете нешто повеќе за фасцинантниот Дејвид. Ден Стивенс, што го толкува овој добро познат лик од светот на стриповите Марвел, е толку идеално избран за улогата, што воопшто не се забележува дека се труди околу глумата. Како природно да му доаѓаат сите движења, кои сами по себе се многу специфични за ликот.

(3) ТВ серија: Легија (Legion) (2) ТВ серија: Легија (Legion)

За крај, да кажеме само уште неколку зборови за главниот лик, Дејвид, познат и како Легија. Ако сте љубител на светот на Марвел, ова ќе ви биде и повеќе од доволно за да ја пуштите првата епизода. Дејвид е млад човек со многу тешко минато. Тој бил дијагностициран како параноичен шизофреничар и од многу мал се движел од една во друга психијатриска болница. Но, по средбата со една необична пациентка, во која длабоко ќе се заљуби, тој ќе почне да сфаќа дека гласовите што ги слуша и визиите што ги гледа можеби не постојат само во неговата глава, како што досега сите му велеле. Всушност, уште во првата епизода откриваме дека тој можеби е и повеќе од човек…

(7) ТВ серија: Легија (Legion) (5) ТВ серија: Легија (Legion)

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар