Градот на „пумите“ (Cougar Town)

ТВ серија за искреноста, реалноста, вистинските пријателства и комичната страна на животот

Градот на пумите (Cougar Town)Главни улоги: Кортни Кокс, Криста Милер, Бизи Филипс, Џош Хопкинс, Ден Брд, Ијан Гомез, Брајан Ван Холт

Жанр: комедија, ситком

Креатор: Бил Лоренс

Времетраење: 22 минути

Број на сезони: втората е во тек

Наша оценка: 10

Премиера: 23 септември 2009

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (46 гласа, просек: 8.98 од 10)

Loading...Loading...


„Градот на ‘пумите’“ е една од оние „заразни“ хумористични ТВ серии во кои се заљубувате уште по гледањето на првите две епизоди. Во овој случај не игра улога вашиот „вкус“ или жанрот на серии кој го преферирате, бидејќи „шмекот“ на оваа серија не може, а да не ви се допадне. Совршенството е создадено благодарение на фантастичното сценарио и внимателно одбраните актери, чии карактери се прикажани од многу смешен, но истовремено и од многу искрен, човечен аспект.

Таман кога сте помислиле дека серијата е „водлеста“, со лесно предвидливи ситуации, ќе останете изненадени од „длабочината“ која таа ја има. Таман кога ќе ви здодее од карактерните особини на некој од ликовите, тие почнуваат да ги коригираат своите мани и лоши навики. Безгрижниот живот кој го живеат седумте пријатели во „Градот на пумите“ е можеби нереален, бидејќи во вистинскиот живот не е сè толку смешно и интересно, но ако почнете да размислувате како нив, ќе сфатите дека животот всушност е полн со комични ситуации секој ден, а сè што треба вие да направите, е да се насмевнете и да продолжите понатаму.



Градот на пумите (Cougar Town)„Cougar women“ е англиска фраза која се однесува на жени над 35 години, што „бркаат“ помлади момци, кои согласно возраста би можеле да им бидат синови. Оттука „Cougar Town“ е измислено гратче во Флорида, каде постои таков тренд кај повозрасните сингл жени. Меѓу нив е и трудољубивата и осамена Џулс, разведена 40 годишна жена, со син средношколец кој го обожава и сопствена агенција за недвижнини. Taa никогаш немала прилика да ги живее „лудите, млади години“, па сега решава дека е крајно време да започне да го живее сето она што го пропуштила во средношколските денови. Таа ги исмева жените кои излегуваат со помлади мажи, бидејќи смета дека тоа е очајно и патетично, но набрзо и „светнува“ дека и неа и е потребно малку „лудување“ и без разлика на ризикот дека ќе и биде ставена етикетата „cougar“, решава да тргне во потрага по добар „плен“.

Џулс: Види Тревис, твојата професорка по математика има нови „фарови“.

Приказна: Серијата започнува со Џулс како го гледа своето тело во огледалото во бањата. Стомачето и виснало, лакотот и се збрчкал и лицето не и е толку оптегнато како кога била млада девојка. Исфрустрирана од она што го гледа пред себе, сфаќа дека и е смачено од живеењето во „светот на возрасните“, па решава да почне активно да се дружи со нејзината млада и откачена асистентка Лори и да додаде малку возбуда во нејзиниот љубовен живот.Градот на пумите (Cougar Town)Најдобрата другарка на Џулс – Ели, со која живеат врата до врата и кога не се една кај друга на гости, си муабетат преку прозор, се обидува да ја спречи од правење глупости, во период кога нејзиниот син се срами од двајцата негови родители.Градот на пумите (Cougar Town)

Ели (ù се обраќа на Лори): Изгледаш како да си ја ставила шминката на подот и да си се „препелкала“  во неа.

Ели е мажена за миличкиот ќелав Енди, со кој имаат бебе.Градот на пумите (Cougar Town)Карши Џулс живее нејзиниот шармантен, симпатично дрзок сосед Грејсон, кој е исто така тазе разведен, а осаменоста ја прикрива спиејќи со многу млади девојки.


Грејсон: Џулс, што сакав да кажам пред да почнеш да ме „труеш“ за тоа колку сум бил среќен што сум те запознал?.

Градот на пумите (Cougar Town)

Џулс останува во супер односи со нејзиниот бивш маж Боби Коб, кој има „old school“ стил на живот, а после разводот живее на неговиот брод. Синот на Џулс, Тревис е исто толку откачен како и сите ликови во серијава. Секој има различен, јасно дефиниран карактер, со многу мани и доблести, но заедничка страна на сите им е искреноста и желбата за искрена дружба со чаша вино, придружена со безброј „шеги на сечија сметка“.

Градот на пумите (Cougar Town)

Џулс: Ели ова е тест за нашето пријателство.
Ели: Ок, ќе дојдам.
Боби: Тест за пријателство?
Џулс: Да. Тоа ти е кога го ставаш целото пријателство со некој во прашање и го принудуваш да направи нешто за да го докаже. Јас го измислив.
Боби: Личи на тебе.

Градот на пумите (Cougar Town)Кога и како да ја гледате: Оваа серија можете да ја гледате додека го пиете вашето утринско кафе, додека ручате со вашето семејство, додека се зезате со вашето друштво или пред спиење за да имате убави сништа. Кога и да се одлучите да ја гледате, бидете сигурни дека планирале или не, ќе морате да одвоите време за гледање повеќе епизоди одеднаш, што и не претставува некаков проблем бидејќи тие се кратки и слатки и што е најбитно, ќе ви ја одморат душата и ќе ви „украдат“ искрена насмевка.

Слични серии:Пријатели“, „Модерна фамилија“, „Како ја запознав мајка ви“, „Џои“.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. bibi Reply

    Question: What is a cougar?
    The short answer: A cougar is an older woman who is primarily attracted to and has sex with with significantly younger men.
    Answer: The most commonly-accepted definition of a cougar is a woman 40 years of age or older who exclusively pursues very young men. The onset of the cougar years is hotly debated. Some feel that a cougar can be as young as 35, but women of this age would not be viewed as cougars unless their sexual conquests were no older than 25; the ten-year age difference seems to be an unspoken but accepted minimum between partners.

Остави коментар