Животен хороскоп: Близнаците ќе завршат во лудница, а Јарците ќе останат сами…

Секој хороскопски знак има своја низа проблеми и несреќи кои го следат. И покрај тоа што секој човек е различен, постојат одредени нешта со кои скоро сите се соочуваат. Според астрологијата, судбината на знаците е запишана уште пред да се родите, па токму затоа погледнете кои пријатни и непријатни ситуации ќе ве следат во текот на вашиот живот…

Животен хороскоп: Близнаците ќе завршат во лудница, а Јарците ќе останат сами...

Овен

Внимавајте на главата, особено на забите кои ви се најслабата точка. Исто така не ги занемарувајте и бубрезите. Чувајте се од повреди. Вие ќе имате бурен живот бидејќи по природа сте авантуристи и обично не го вклучувате премногу мозокот пред да донесете луда одлука. Во бракот ќе бидете верни, но многу често ќе се борите со љубомората. Вие сте талентирани за многу нешта, но само дел од нив ќе усовршите. Држете се настрана од нелегалните нешта, бидејќи можете да имате многу проблеми со законот.

Бик

Заборавете на ладните напивки и сладоледот бидејќи имате чувствително грло. Чувајте се од поткожните чиреви, бидејќи сте склони на нив. Исто така можат редовно да ве мачат хемороиди. Вие имате потенцијал да бидете многу љубоморни во бракот, но и верни. Вие ќе се обидувате да се здружувате со други луѓе, но никогаш нема да бидете целосно задоволни од нив. Не се карајте со надредените бидејќи ќе го извлечете „подебелиот крај“. Немојте превисоко да летате со цел да не настрадате при падот. Бидете присебни и одмерени.

Близнаци

Вашите слаби точки се белите дробови, живците, рамената и рацете. Чувајте се од повреди бидејќи сте многу склони на нив. Исто така, не заборавајте дека секогаш има можност да завршите во лудница. Вие сакате кога луѓето ве уверуваат, убедуваат, советуваат, поправаат и дополнуваат… во љубовта. Способни сте и да се жртвувате за вашиот партнер. Вашата двострука природа често ве сместува во љубовта помеѓу две личности, па токму затоа не треба премногу да се вознемирувате со тешки мисли. Помеѓу сомнежите и вербата, вие секогаш ќе излезете како победник. Слушајте ја својата интуиција.

Рак

Внимавајте на вашиот желудник и исхранувајте се здраво. Вие ќе патите од реума, па затоа почнете навреме да се лечите. Сепак, ако некој ви каже дека сте вообразени кога сте болни, нема многу да погреши. Вие ќе бидете афективни во љубовта и сте создадени за брак. Го обожавате вашето семејство, но и тие вас. Вие сакате да живеете мирен и спокоен живот. Женските припаднички на овој знак ќе бидат одлични мајки. Во блиска иднина ќе имате брз напредок во кариерата кој долго ќе го помните. Престанете да бидете соло играч, бидејќи дури ни вие не можете сами да го освоите светот.

Лав

Чувајте го вашето срце. Внимавајте и на реумата, бидејќи имате слаби зглобови. Лавовите секогаш даваат повеќе одошто земаат. Тие се пријатни пред бракот, но и во него. Како родители ќе бидете многу успешни. Вие многу лесно ќе ги убедувате луѓето во вашите способности, па токму затоа и ќе почнете да ги користите за ваше задоволство, како и за задоволството на другите. Вашиот финансиски статус ќе се подобрува со тек на годините, па кога ќе бидете во брак ќе бидете дарежливи.

Девица

Чувајте ја жолчката. Вие сте склони да се скарате со другите, па токму затоа ве сметаат за најголемите „непријатели“ во Зодијакот. Вие умеете да бидете многу нељубезни. Во бракот сте прилагодливи, но напорни. Вашата куќа секогаш ќе биде уредна и секој нов неочекуван настан има силна моќ да ве изненади. Вие ќе доживувате инспиративни моменти, но тие ќе се распрскуваат како балони од сапун. Дозволете им на неуспесите да ве охрабрат да учите од грешките.

Вага

Чувајте се од болестите на бубрезите. Вие исто така можете да имате проблеми и со мочниот меур. За вас караницата е нешто најлошо што може да се случи, па токму затоа и умешно ја избегнувате. Вие ја цените правдата. Премногу се грижите за надворешниот изглед, па токму затоа и обожавате да излезете и да се покажете. Во бракот ќе бидете пријатни, а со пријателите гостопримливи. Сите досегашни заблуди ќе ги решавате сами, па токму затоа и овие решенија ќе ви бидат многу драгоцени. Во блиска иднина ќе донесете одлука која ќе ве задоволува до крајот на животот. Вие ќе се обидете да ја зајакнете самодовербата, но не многу успешно. Чувајте се од Јарците.

Скорпија

За жал, вие страдате од лошо варење на храната. Во животот ќе се борите против чести високи температури и болести, но успешно ќе ги преживувате. Вие добро ги контролирате вашите страсти бидејќи се плашите да ризикувате. Во текот на целиот живот ќе се движите помеѓу сензуалност и љубомора. Сексуалните истражувања за вас се како хоби. Често ќе ви се укажуваат примамливи можности за напредок, но вие нема да знаете како да ги искористите. Вие треба да почнете да ги запишувате вашите должности и обврски. Ако имате деца, ќе доживеете голема радост. Избегнувајте зачини и силни алкохолни пијалаци.

Стрелец

Вие многу лесно се заљубувате. Токму затоа и ќе доживеете најсилна страст, но и најголема тага. Зад овој „оган“ редовно излегувате како победници. Склони сте да експериментирате во сексот. Исто така вие сте одлични пријатели бидејќи живеете во духот на компромисите. Ќе имате малку проблеми при одржувањето на врската, но ќе најдете начин да ги решите. Вие ќе бидете задоволни од сите работи со кои се занимавате.

Јарец

Реуматичниот артритис ќе ве прати низ целиот ваш живот. Внимавајте на зглобовите на колената. Вие сте личност со силни и искрени чувства, па токму затоа и секогаш ќе избегнувате караници и семејни несогласувања од сите видови. Кога ќе ја прекинете врската, тоа ќе биде засекогаш и токму затоа може да останете уште долго време сами. Доцна стапувате во брак, но откако ќе го сторите тоа ќе бидете многу несебични и верни. Постепено ќе го поправате својот однос кон другите, но не заборавајте да се однесувате кон колегите од работа професионално.

Водолија

Вас ве очекуваат пречки во крвотокот. Во љубовта ќе бидете склони кон силно двоумење. Кога ќе наидете на препрека на патот, вие ја заобиколувате што е можно повеќе. Правите многу нешта, но никогаш не жалите за вашите постапки. Како што поминува времето, така сè повеќе ќе верувате во чуда. Вие ќе почнете повеќе време да поминувате со блиските, со кои сте изгубиле контакт последниве неколку години.

Риби

Секогаш ќе бидете настинати и постојано ќе ви фали уште некое ќебе плус за да можете да се стоплите. Имате тенденција за развивање кожни заболувања. Секогаш ќе тежнеете за голема љубов. Може да се случи да патите од чувства на пониска вредност, па токму затоа и да активирате неколку механизми на одбрана со цел да им се спротивставите на овие чувства. Во бракот ќе бидете благи и пожртвувани. Вие сте способни да се прилагодите на секоја ситуација. Големи се шансите дека ќе запознаете нови луѓе и дека ќе патувате на возбудливи места пред да „пуштите корења“ во вашиот дом.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар